Додека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ промовира конкретни проекти од кои директна полза ќе имаат граѓаните, најголемата опозициска партија поддржана од соросовите платеници продолжува да демонстрира деструкција и да фарба низ скопските улици.Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ денеска промовираше две нови мерки кои се во насока на намалување на загадувањето на животната средина. Со првата мерка треба да се поттикне купувањето на електрични автомобили кои имаат нула загадување, а со втората мерка ќе се субвенционира вградувањето на плински систем во автомобилите. Мерките, како што истакна Груевски, ќе почнат да се применуваат од следната година.
За реализација на првата мерка планирано е увозот на нови електрични возила да биде со нула проценти царина и без дополнителна акциза и при купувањето на вакви автомобили да се применува повластената даночна стапка од 5 проценти, наместо сегашните 18 проценти. Исто така се планира Владата да дава субвенција за купување електрично возило и тоа од 3.500 евра за секое електрично возило чија набавна вредност е до 25.000 евра и субвенција од 5000 евра за секое електрично возило чија набавна вредност е над 25.000 евра.
Во период од 10 години електрични автомобили ќе бидат ослободени и од плаќање на патарина, бесплатно ќе паркираат на кој било јавен паркинг и ќе имаат бесплатна регистрација во делот за надомест за патишта.
Предвидено е и Градот Скопје во рамки на јавното сообраќајно претпријатие да започне со набавка на целосно електрични автобуси така што до 2030 година тие ќе треба да сочинуваат повеќе од 50 проценти од вкупниот број автобуси во градот, а ќе се стимулира и создавањето такси компании само со електични возила.
Со втората мерка се предвидува субвенционирање за вградувањето на плински систем во автомобилите. За таа цел секоја година, почнувајќи од следната година ќе се овозможат ваучери од 300 евра за набавка на плински уред кои ќе се распределат на јавен повик секоја година. Оваа мерка ќе се однесува само на возилата со ЕУРО 0, ЕУРО 1, 2 и 3 стандард, односно оние кои се произведени до почетокот на 2006-та година.
– За сите овие мерки ќе се организира и јавна расправа при што секое стручно мислење ќе биде добредојдено и во наредните 2 до 3 недели овој проект е отворен за сугестии, промени и доработка во насока на подобрување на проектот, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ презентирајќи ги двете нови мерки.
Наспроти ова, СДСМ денеска ја продолжи својата деструкција и повторно по подолг период соросовите платеници го блокираа главниот град и фарбаа низ улиците. По летната пауза, платеничката револуција повторно се активираше.
Вечерва шарените активисти се собраа пред Собранието на Република Македонија, да му дадат поддршка на Специјалното Јавно Обвинителство, но побараа од народните избраници да ги поддржат барањата на Катица Јанева.
На булеварот пред Собранието исцртаа круг во кој го насочија патот кон СЈО. На почетокот од собирот, присутноста беше мала, но за да протестот не доживе фијаско се поргижија активистите од внатрешноста.
Десетици автобуси од Куманово, Велес, Тетово беа донесени во Скопје за поддршка на протестот. Едночасовниот собир го блокираше главниот град а видна беше и нервозата и револтот на возачите кои се враќаат дома од работа. Таканаречените шарени револуционери не нејавија нови протести. Засега нема закажано собири за утрешниот ден.Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ денеска промовираше две нови мерки кои се во насока на намалување на загадувањето на животната средина. Со првата мерка