ВМРО- ДПМНЕ: Срамно е однесувањето на СДСМ

Поради што и да е нервозата во СДСМ денеска, ваквото недолично однесување е срамно.Ваквата реторика во соопштенијата не доликува ниту на порталите мегафони на СДСМ чии уредници ликуваат над смртта на политичките неистомисленици.
Срамната реторика на СДСМ се засили откако експертите за математика на Бихаќка беа фатени на дело како најгрубо манипулираат со бројот на починати доенчиња.
Берово според СДСМ е град со голема смртност на доенчиња. Во Берово минатата година, според официјалните податоци на Државниот завод за статистика, од 56 живородени бебиња има 0 (нула) починати доенчиња. Како може да има 22 мртви на 1000 новороденчиња кои ги измислува СДСМ кога минатата година се родиле 56 бебиња во Берово и ниту едно доенче не починало?
Смртноста кај доенчињата во Македонија се намалува, според сите официјални податоци.
Смртноста кај доенчињата се зголемува само во лешинарските пресметки на СДСМ кој бесрамно пласира нечовечки лаги и користи туѓи судбини за да приграби партиски поени.
Срамно е однесувањето на СДСМ. Меѓутоа тој срам ќе го носат само тие. СДСМ лажеше дека во Македонија умираат 14% од новороденчињата или вкупно 3997 бебиња во 2014. Официјалната статистика бележи 15 ПАТИ помала смртност.
Смртноста на доенчиња е намалена од 13,2 промили во 2004 на 9,9 промили во 2014 година. Со мерките на Министерството за здравство се планира сериозна борба и вложувања за бројката да се намали до максимум 6,5 промили во 2020 година.Ваквата реторика во соопштенијата не доликува ниту на порталите мегафони на СДСМ чии уредници ликуваат над смртта на политичките неистоми

Пронајдете не на следниве мрежи: