ВМРО-ДПМНЕ стои како бедем, сите анкети покажуваат убедлива победа на изборите

Градоначалникот на општина Карпош и лидер на ГРОМ, Стевчо Јакимовски, вели дека во редовите на СДСМ владее голема нервоза.Во своето предновогодишно гостување во телевизијата 24Вести потенцира дека нервозата кај опозицијата се гледа најмногу при најавите дека нема да учествуваат на избори.
-Сите анкети покажуваат дека владејачката коалиција убедливо води и дека ќе победи на наредните парламентарни избори. Ние доаѓаме до една сурова вистина во која што гледаме дека “бомбите“ на Заев не го растурија ВМРО-ДПМНЕ, туку очигледно дека ги растурија институциите на системот, судството, обвинителството. Резултатот е растурање на државата, а не растурање на ВМРО-ДПМНЕ. Очигледно е дека ВМРО-ДПМНЕ стои како бедем. Рејтингот и натаму е ист. Нервозата е кај оние кои очекуваа бенефит и резултат од сета оваа работа, кој очигледно дека го нема, рече Јакимовски.
Според него, Заев одбиваше да ги предаде снимките до СЈО бидејќи тогаш јасно ќе се утврди нивниот извор, кој според Јакимовски е нечија приватна режија.Во своето предновогодишно гостување во телевизијата 24Вести потенцира дека нервозата кај опозицијата се гледа најмногу при најавите дека нема да уч

Пронајдете не на следниве мрежи: