ВМРО-ДПМНЕ: Тиранската платформа за криминогеното раководство на СДС е поважна отколку судбината на земјоделците и иднината на Македонија

Тиранската платформа за криминогеното раководство на СДС е поважна, отколку судбината на земјоделците и иднината на Република Македонија, велат од ВМРО-ДПМНЕ.Во продолжение следува интегрален текст од реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Злосторничкото здружение во врвот на СДС знае дека само со прифаќање на Тиранската платформа и нејзина реализација може да дојде на власт и да се спаси од одговорност за криминалите. Затоа немаат храброст да ја отфрлат, да се откажат од разнебитување на Македонија и да ја деблокираат политичката криза.
Грижата на СДС кон земјоделците е лицемерна. Затоа криминалецот Заев ги испраќа своите послушници по којзнае кој пат да се обидат да ја изманипулираат јавноста. Тие се прочитани и одамна осудени и од земјоделците и од целиот народ.
Земјоделците знаат дека единствено ВМРО ДПМНЕ се грижи за нив и подобрување на нивниот стандард. За разлика од СДС кој за време на нивното владеење имаше издвоено нула евра за субвенции, за време на владеењето на ВМРО ДПМНЕ како субвенции на земјоделците им се доделени преку една милијарда евра.
Земјоделците знаат дека ВМРО ДПМНЕ ќе стори се за да ја надмине деструктивноста на СДС, со што нивниот труд ќе биде соодветно валоризиран, односно ќе ги добијат заслужените субвенции. Пари во буџетот за субвенции има. Истите се програмирани и треба да бидат исплатени.
Очигледно е дека СДС нема намера да се откаже од Тиранската платформа и од политиката спротивна на највисоките државни и национални интереси. Како што не им успеа да ја протнат Тиранската платформа во Собранието, така нема да им успее да ја блокираат државата.
Се ближи крајот на деструктивните политики на СДС!
Затоа народот е на нозе!
Затоа Македонија се буди!Во продолжение следува интегрален текст од реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Злосторничкото здружение во врвот на СДС знае дека само со прифаќање н

Пронајдете не на следниве мрежи: