ВМРО-ДПМНЕ: Ваква медиумска Македонија сака да гледа СДСМ

Интегрален текст од соопштението на ВМРО-ДПМНЕ за медиумите. 
Граѓаните кои ги следат медиумите блиски до СДСМ или финансирани од Сорос повторно беа скратени од вистината и не добија слика за тоа што се случува.
Ниту Телма ниту 24 Вести не известија за новите мерки за млади лица кои ги промовираше ВМРО-ДПМНЕ и кои значително го подобруваат квалитетот на животот на младите во Македонија, особено оние кои доаѓаат од семејства со пониски примања.
Ги охрабруваме Телма и 24 Вести во иднина да се спротистават на притисоците на СДСМ и објективно да ги информираат граѓаните за проектите кои се од нивен интерес.
Инаку, вчера ТВ 24 Вести постави рекорд на месецот за отстапен простор за пропагандата на СДСМ базирана врз лаги и манипулации со дури 1305 секунди во централните вести одделени за промоција на СДСМ и нивните оркестрирани негативни манипулативни кампањи насочени кон ВМРО-ДПМНЕ.
На второто место како по обичај се најде ТВ Телма која вчера во централните вести им подели 500 секунди на СДСМ во кои опозицијата имаше слобода за да ја промовира својата манипулативна пропаганда и да го напаѓа неаргументирано ВМРО-ДПМНЕ.
Овие телевизии според СДСМ се фер и избалансирани се додека просторот кој го одделуваат за пропагандата и измислиците од Бихаќка секој ден се мери со илјадници и илјадници секунди во своите вести и дебатни емисии.
Телевизијата 24 вести која на својот веб-сајт има и посебна категорија наречена „Слободни медиуми“ само во текот на вчерашниот ден на СДСМ му отстапи илјадници и илјадници секунди простор за пропаганда во сите изданија на своите информативни програми и дебатни емисии.
Тоа е медиумската демократија на СДСМ.Тоа се добрите медиуми за СДСМ.
За таква избалансираност зборува СДСМ – илјадници секунди секој ден за пропагандата од Бихаќка, како што беа пасошите и личните карти на Фокус, личните карти на Спасовски и најновиот измислен скандал за кој им се смее цела држава – Даниела Рангелова и т.н. фантоми од Брвеница.
Кај соросовите портали како Плус Инфо, Либертас, А1 Он, Нова Тв, Фокус и другите кои граѓаните ги препознаваат како мегафони на опозицијата без големи турбуленции. Доминираат написите против ВМРО-ДПМНЕ (107) во споредба со  текстовите во кои се промовираат ставовите и манипулациите на СДСМ (82). Од балансираното новинарство кај овие портали важи само балансот на банкарското салдо после посетата на Сорос.
Ваква медиумска Македонија сака да гледа СДСМ. Сите портали и телевизии кои спроведуваат директиви од СДСМ се прогласувани за добри телевизии, а сите кои не се покоруваат на наредбите од Бихаќка треба да бидат казнети со одземање лиценци.
Тоа е лицемерието на СДСМ во врска со медиумите и правото на слобода на информирање. СДСМ не сака слободни медиуми. СДСМ сака тотална контрола врз медиумите.
Ваквото тоталитарно однесување на СДСМ кон медиумите одговара на стандардите на Северна Кореја и ИСИС.
  
Граѓаните кои ги следат медиумите блиски до СДСМ или финансирани од Сорос повторно беа скратени од вистината и не добија слика

Пронајдете не на следниве мрежи: