ВМРО-ДПМНЕ: Во времето на СДСМ, земјоделците беа тепани кога бараа мерки и заштита од државата!

СДСМ единствено што знае е да лаже и да манипулира. СДСМ во областа на земјодеството освен тепање на земјоделци не превзеле ама баш ништо друго кога беа на власт, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.Во продолжение следува интегрален текст од реакцијата на владејачката партија:
Впрочем во време на СДСМ не беше одвоен ниту денар за субвенции на земјоделците.
Во време на СДСМ земјоделците беа тепани во Куклиш, Радовиш и на Плетвар само затоа што побараа мерки и заштита од државата.
Во време на СДСМ земјата се делеше на богаташите од партијата, наместо на вистинските земјоделци.
Ова се фактите и ова земјоделците го знаат и затоа во 10 изборни циклуси по ред го казнуваат СДСМ.
СДСМ продолжува да ги потценува граѓаните во Македонија кои се занимаваат со земјоделство и мисли дека со неколку лаги испишани на хартија ќе ги излажат и ќе им ги избришат сеќавањата од нивното владеење. Хартијата во канцелариите на СДСМ можеби трпи секакви лаги и манипулации, но граѓаните тоа не го трпат. Невозможно е да се препише проект од програмата на СДСМ, од една едноставна причина, затоа што СДСМ никогаш не ни понудила програма, а уште помалку конкретни мерки и проекти за земјоделството.
Земјоделците во Македонија знаат дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, за која СДСМ зборуваше дека е селанска и земјоделска овозможи над 760 милиони евра субвенции, додели над 60.000 хектари државно земјиште на скоро 10.000 земјоделци, со државна помош обезбедени се над 10.000 парчиња земјоделска механизација, предвидени се мерки за директна помош на млади земјоделци и уште десетици други мерки поради кои континуирано се зголемува бројот на регистрирани земјоделци, како и извозот на земјоделски производи.
Веројатно во СДСМ се убедени дека и овие десетици мерки биле препишани од нивната програма, но не знаеле и не можеле да ги реализираат во времето кога тие биле на власт.
ВМРО-ДПМНЕ и понатаму ќе остане посветено на развојот на земјоделството во Македонија и решавање на предизвиците со кои се соочуваат земјоделците. Така е и во случајот со решавањето на прашањето со зголемениот принос на производителите на пченица, така ќе биде и со секој друг проблем со кој земјоделците ќе се соочат. Тие знаат дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ им е искрен партнер на кој можат секогаш да се потпрат.Во продолжение следува интегрален текст од реакцијата на владејачката партија:
Впрочем во време на СДСМ не беше одвоен ниту денар за субвен

Пронајдете не на следниве мрежи: