Зоран Заев и СДС ја киднапираа државата. За изминативе 4 месеци откако СДС дојде на власт граѓаните видоа само криминал и низа корупциски афери, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.-Заев пред избори велеше дека во Република Македонија ќе дојде живот, ветуваше повисоки плати, повисоки пензии, подобрување на животот на студентите, нови вработувања но по неговото доаѓање на власт животот дојде само за него и неговата криминогена влада. Неговиот братучед Трајче Заев успеа да го купи „Герас Цунев“ за само 20.000 евра, гигант што се простира на површина од 7.000 метри квадратни. Додека обичен граѓанин со тие пари не може да купи ни обична гарсониера од 20 метри квадратни. По доаѓањето на СДС на власт, бизнисите на вицепремиерот Кочо Анѓушев почнаа да цветаат. За краток период тој успеа да го прекрши и Изборниот законик и да изврши пренамена на земјоделско земјиште во градежно, за да фирмите на Анѓушев непречено и побрзо ја изградат хидроелектраната „Тополка“. Анѓушев во брзање ги прекрши важечките закони со што започнал веднаш да гради. Анѓушев исто така ставајќи ги своите лични интереси во преден план неговата фирма добива тендер за набавка, односно увоз на електрична енергија во вредност од 2,6 милиони евра. Но поради притисокот од јавноста, овој тендер беше поништен од страна на ЕЛЕМ, се наведува во партиското соопштение.
Од ВМРО-ДПМНЕ потсетуваат дека на генералниот секретар Драги Рашковски наместо реформи и јакнење на капацитетите на владата поважно му беше да ги постави своите роднини на високи државни функции. И сам себе да се назначи за член на одбор на Телеком за да добива хонорари од по 500 евра.
– Владата на чело на Зоран Заев поддржува и продуцира криминал и беззаконие. Заев ветуваше живот донесе сиромаштија и беда. СДС го заборави народот. За ваквото несовесно работење следи одговорност, која многу скоро граѓаните ќе му ја испорачаат на 15-ти октомври, порачуваат од партијата.-Заев пред избори велеше дека во Република Македонија ќе дојде живот, ветуваше повисоки плати, повисоки пензии, подобрување на животот на студентит