Господине Заев, повторно сте фатен во криминал. До гуша. Сведок за тоа е целокупната македонска јавност, истакна Антонио Милошоски, член на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција.Во продолжение следува интегрален текст од прес- конференцијата на Милошоски.
Господине Заев, според вашето признание, вие незаконски располагате со 600.000 нелегално стекнати прислушувани разговори.
Го прекршивте договорот од Пржино и по стоти пат излажавте.
Ветувавте дека само вие имате пристап до материјалите и дека вие сте гарант за приватноста на граѓаните чии што разговори нелегално ги поседувате. Господине Заев, вие повторно излажатве.
Материјалите не ги предадовте на специјалното јавно обвинителство кое што беше формирано по барање на СДСМ, туку тие се најдоа во рацете на криминалци.
Медиумите објавија, Господине Заев, дека кај овие криминалци се најдени над 70.000 приватни разговори. Тоа значи дека илјадници Македонски граѓани јавни личности, стопанственици, новинари, судии и многу други од утре со монтирани материјали може да бидат уценувани и да бидат жртви на изнуда или да бидат наклеветени.
Господине Заев, не и одговоривте на македонската јавност за што разговаравте со криминалецот Захир Бекири, кој во моментов е во затвор поради изнуда.
Господине Заев, зошто одбегнавте да и одговорите на јавноста зошто сте разговарале со Захир Бекири кога тој ви беше во посета во канцеларијата.
Господине Заев, како претседател на СДСМ на јавноста и должите одговор како се најдоа 70.000 нелегално прислушувани разговори во рацете на вашиот пријател, а познат криминалец Захир Бекири.
Господине Заев истрагата за аферата фалсификувани лични карти не ја отвори вашиот генерален секретар и технички министер Оливер Спасовски.
Оливер Спасовски како министер за внатерешни работи бараше оваа истрага да биде што побавна. Сега знаеме и зошто.
Истрагата ја водеа професионалците од Министерството за внатрешни работи и Јавното Обвинителство. Затоа сакам уште еднаш да им честитам на овие професионалци и да ги повикам до крај да ги извадат на површина сите инволвирани во случајот „Фабрика за Афери на СДСМ“.
Благодарение на професионалците, јавноста дозна каква ниска манипулација се спремала преку неделникот Фокус, близок до СДСМ. Јавноста виде дека и овие лични карти и пасошите кои ги штанцавте пред една година беа производ на истата Фабрика За Афери на СДСМ.
Јавноста знае дека оваа Фабрика За Афери на СДСМ подготвувала и лажни пасоши и лажни сметки и монтирани разговори и низа други конструкции со кои вие требаше да излегувате да напаѓате да дискредитират во предизборниот период.
Благодарение на професионалците од Министерството за Внатрешни работи и од Јавното обвинителство, вашите намери се осуетени и пресретнати.
Не ви успеа обидот господине Заев, немањето на проекти и дела зад себе кои се од интерес на граѓаните да го замените со деструкција и со лажни афери.
Господине Заев, дали е ова последната Фабрика за Афери на СДСМ која ви остана, па мора да соработувате со криминалци за предизборни цели?
Господине Заев, вашиот генерален секретар не само што бараше оваа истрага да биде побавна, туку и не негираше дека и тој се сликал и контактирал со криминалци. Господине Заев, правдата во република Македонија можеби е побавна, но не онолку како што би сакале вие и Оливер Спасовски. И на крајот, правдата секогаш стигнува.
Господине Заев, сите кои учествувале во Фабриката за Афери треба да ја добијат заслужената казна. Некој ќе ја добие казната само од Судот во Република Македонија, но некој ќе ја добие заслужената казна и од изборниот Суд на Народот на 24 април.
Граѓаните ќе ги казнат сите кои се обидуваат да си играат со трпението, интелигенцијата и волјата на народот. Граѓаните ќе ги казнат сите оние кои земјата ја држат во заложништво за да остварат свои лични цели со помош на криминални структури. Со помош на фалсификувани документи. Со помош на ниски манипулации, со помош на нелегално стекнати прислушкувани материјали.
Господине Заев, можеби се надевате дека изборите ќе бидат одложени за три или шест месеци. Попусто се надевате. Изборите да се одложат и за 36 месеци, вие нема бегање од судот на народот.
Господине Заев, вам и на СДСМ ви останаа уште 123 дена до крајот и на ваквитениски манипулации и крајот на вашата лична политичка кариера.Во продолжение следува интегрален текст од прес- конференцијата на Милошоски.
Господине Заев, според вашето призн