Внатрешна Македонска Револуционерна Организација – Демократска Партија за Македонско Национално Единство или скратено ВМРО-ДПМНЕ, е најголемата политичка партија во Македонија. ВМРО-ДПМНЕ е народна, демохристијанска партија. ВМРО е код врежан во секој Македонец од неговото раѓање.Од војводи до обични граѓани, нема критериум кој треба да се исполнува за да се биде член во ВМРО-ДПМНЕ, секој кој сака да ѝ помогне на Република Македонија е добредојден!
На партискиот Конгрес во Охрид во мај 2003 година, за претседател на партијата е избран м-р Никола Груевски. Во 2006 година коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ победи на парламентарните избори во 2006 година и партијата формира Влада на чело со Никола Груевски.
Од 2006 година до денес 2015 година, партијата ВМРО-ДПМНЕ редовно на сите изборни циклуси, континуирано ја добива поддршката на граѓаните. И тоа не е случајност, народот знае да препознае кога некој се грижи за него, создава подобри услови за живот и вложува во нашата Македонија.
Илјадници нови проекти, вработувања, градби и реконструкции, инвестиции и грижа за својот народ го одбележуваат владеењето на оваа влада на чело со Никола Груевски!
Убеден сум дека и во иднина ќе продолжи истиот позитивен тренд. Тоа го ветува оваа влада! тоа го ветува човек од збор!
Мене лично ми е задоволство да дадам поддршка на владеачката партија бидејќи Македонија напредува и се модернизира, а јас пак планирам да го продолжам својот живот тука во мојата татковина и никаде на друго место!
Сите ние да ја поддржиме оваа политика на владеачката партија за подобро утре!
ДА ЖИВЕЕ ВМРО-ДПМНЕ! ДА ЖИВЕЕ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА!
Пишува: Костадин КерпичоскиОд војводи до обични граѓани, нема критериум кој треба да се исполнува за да се биде член во ВМРО-ДПМНЕ, секој кој сака да ѝ помогне на Република М