Деветнаесеттиот и почетокот на дваесеттиот век е период кој за Македонија, континуирано до ден денес е значаен за нејзиното постоење, но исто така и период кој ја одредува нејзината иднина. Излегувањето на површина на македонското прашање, за европските и балканските сили претставува нов предизвик во нововековниот период, кој денес, стотина години подоцна е сé уште актуелен, овој пат зафаќајќи уште поголеми размери.Денес Република Македонија се наоѓа во една незавидна позиција, во мигови кога националниот идентитет ѝ е загрозен. Нејзините соседи со сите сили се борат да го докажат нејзиното непостоење, преку негирање на името, јазикот, црквата – сето она што го прави еден народ посебен и различен од другите. Денес обидите за ништење на Македонија и македонскиот народ се помогнати со удбашки и соросоидни структури одвнатре, кои по секоја цена работат на тоа Македонија да ја нема.
Издвојуваме интервју од Берлинер Тагеблат, од 11 ноември 1927 година, објавено во новото издание на Државниот архив на Република Македонија – Македонија во странскиот печат, том 1, Скопје, 2016, кое се однесува на македонското прашање и ВМРО.
„Внатрешната револуционерна организација“ во Македонија
Интервју (од нашиот кореспондент)
„Веднаш по приклучувањето (На вардарскиот дел на Македонија во рамките на Србија) Никола Пашиќ изјави дека по десет години повеќе нема да постои македонското прашање. Оттогаш се поминати речиси осум години, а овој несреќен проблем од порано, е сe повеќе актуелен и заканувачки. Пашиќ слабо ја процени долгогодишна истрајност на македонските иредентисти, и нивниот непокор кон смртта, и очигледно не ја разбра нивната бескуполозност и брзоплетост при изборот на воените средства и методи. „Македонскиот национален комитет“ има свое седиште во центарот на Софија, во близина на зградата на Бугарската национална банка. Во истата куќа, каде што веднаш по војната беше сместен Францускиот команден екипаж. Над вратата стои натпис и на француски и на бугарски: „Македонски национален комитет“, а на првиот кат има голем број на простории опремени со модерен канцелариски мебел. Вработените се движат нагоре-надолу, пишуваат на машините за чукање, влегуваат и излегуваат странките. Исто како во банка или пак во некоја голема комерцијална компанија. Тука е централното седиштето на промакедонската агитација во Бугарија. Се забележува „легалната“ организација, а не морничавата „ВМРО“ (Внатрешно македонската револуционерна организација), која не може никој да ја најде, насекаде и никаде.“
Македонија во странскиот печат, главни редактори: д-р Филип Петровски, д-р Теон Џинго, Игор Сотиров, Државен архив на Република Македонија, Скопје, 2016, стр. 319
Денес Република Македонија се наоѓа во една незавидна позиција, во мигови кога националниот идентитет ѝ е загрозен. Нејзините соседи со сите сили с