Речиси и да нема домаќинство во светот што не поседува барем еден примерок од тн. Lack масички од IKEA – мала, лесна и практична маса што чини само 5 евра (10 долари во САД).Свесни сте дека парче мебел што чини 5 евра не може да биде висококвалитетно.
Причината за цената лежи во материјалите за изработка, што може да се види во фотографиите од внатрешноста на масичките.
Имено, неколку фотографии објавени на Reddit покажуваат дека внатрешноста, односно полнењето на овие масички е картонско.
Овие луѓе го дознале тоа на потешкиот начин – ја заборавиле масичката во двор или тераса, а временските услови си го направиле своето.