Внатрешноста на Месечината е составена од вода?!

Прашањето за постоењето на вода на Месечината е актуелно со децении наназад. Пред десет години теоријата беше официјално отфрлена. Новите податоци добиени преку инфрацрвена и неутронска спектроскопија, се на пат да го променат тоа.Во почетокот научниците претпоставуваа дека под површината на природниот сателит на Земјата има траги од вода. Мисиите Аполо ја отфрлија оваа теорија. Кога примероците од лунарниот гранит пристигнаа на испитувања, научниците не открија никакви траги од вода или супстанци кои содржат сол. Тоа стави крај на потрагата по вода на Месечината.
Во последните десет години, ситуацијата се изменила значително. Анализа на вулканско стакло добиено од површината на Месечината, повторно предизвикува сомнеж за присуство на вода или материи што содржат вода на сателитот. Тоа, сепак, може да е во нејзиното јадро. Во почетокот научниците користеле неутронска спектроскопија. Таа дала премногу мешани резултати. Со примена на инфрацрвената биле откриени најбараните одговори. При пребарувањето на хидрирани материи била измерена силата на протоните кои излегуваат од површината на Месечината, со помош на CRaTer (вселенски-зрачен телескоп за пребарување на ефекти од зрачење).
Тој се наоѓа во орбитата на сателитот. Кога вселенските зраци достигнуваат до површината на Месечината, избиваат од неа протоните. CRaTer ги фиксира. По утврдениот модел научниците користеле акцелератор на честички, за да го имитираат ефектот кој вселенските зраци влијаат на на материите кои содржат вода. Се покажало дека кога има водород, општото ниво на протонско зрачење опаѓа. Односно, ако околу Месечевите полови има вода, скенирањето во овие области ќе покаже значително намалување на протоните. Гледајќи повторно кон Месечината, научниците направиле неколку чудни констатации.
Протонското зрачење на површината било повисоко отколку во другите делови на сателитот. Во исто време, сепак, инфрацрвената спектроскопија покажала присуство на супстанции кои содржат водород.
Причината за тоа се несакани ефекти, кои до овој момент не биле забележани. Излегува дека протони се испуштаат од супстанци кои излегуваат од длабочините на Месечината. Ова овозможува да се претпостави дека водата се наоѓа поблиску до јадрото на сателитот, отколку до површината.Во почетокот научниците претпоставуваа дека под површината на природниот сателит на Земјата има траги од вода. Мисиите Аполо ја отфрлија оваа теори

Пронајдете не на следниве мрежи: