Внесете повеќе возбуда во креветот: Фетиши од кои не би требало да се срамите!

Фетиш сексот не мора да биде ништо екстремно, туку само малку поинаков вид на секс кој е прифатлив и за двете страни. Тој најчесто е фиксација на високи потпетици, секси долна облека и врзување, па доколку го воведете во вашата рутина, фетиш сексот ќе ви внесе елементи на фантазија и одлично ќе ја зачини играта под чаршафитВрзување
Веројатно многумина имаат пробано умерена верзија на „заврзи ме – одврзи ме“ сексот. Ваквите интимни игри би можеле да ги распламтат страстите бидејќи едниот од партнерите потполно му се предава на другиот, а чувството на „беспомошност“ и потполно предавање може да биде одличен афродизијак.
 
Кај врзувањето постојат два основни типови: лабаво и цврсто. Доколку сакате да го испробате овој вид на интимност, договорете се со партнерот што ќе користите за врзување. За да се одлучите на овој чекор потребно е целосно да му верувате на партнерот, но и да поставите јасни правила бидејќи едниот партнер целосно ја презема контролата.
Играње улоги
Улогите се одличен пример за фетиш сексот во кој можете да искусувате разни фантазии. Во ваквиот вид на секс можете да испробате речиси сè што ќе ви падне на ум што ве возбудува – секс со странец, секс во кој глумите неверство, секс со стриптизерка.
Можеби на почетокот ќе ви биде непријатно или смешно, но со добра атмосфера, пригушена светлина и малку актерски и страстен жар, би можеле да одиграте одлична секс улога. Што се однесува на либидото – подгответе се за „полетување“!

Фетиш облекување
Ова не мора да биде резервирано само за пресоблекување во собарки, секретарки и секси медицински сестри. Возбудата од облекувањето лежи во искусувањето на разни материјали, различна долна облека, како и потрага по нешто повозбудливо од само совршен градник.

Подвезици, корсети, необични танги од разни материјали… Имајте на ум дека колку и да изгледаат убаво материјалите како тантела и сатен, фетишите обично се поврзуваат со кожни материјали и сјајни, лакирани површини. Изборот е ваш.Врзување
Веројатно многумина имаат пробано умерена верзија на „заврзи ме – одврзи ме“ сексот. Ваквите ин

Пронајдете не на следниве мрежи: