Внесувајте шеќери и за време на диета

Шеќерот е најважната хранлива состојка за нашиот организам и најважната храна за нашиот мозок. И покрај тоа дека е најважната состојка, шеќерот е многу токсичен, што значи дека оксидира, односно уништува одредени супстанции во нашето тело, а особено протеините. Тоа особено се случува доколку во организмот внесуваме премногу шеќер.Веројатно веќе Ви се случува да посегнете кон здрава исхрана како мусли и овошје и да ја прочитате нивната содржина. Покрај малата количина на лешници, житарици, минијатурна чинија со овошје, на листата се наоѓаат и многу состојки кои завршуваат на “оза”. Декстроза, фруктоза, па мед, глукозен мед, јаворов сируп, јачменов слад. Под сите овие називи се кријат различни облици на шеќер.
Диета
Логично е дека зголемената потрошувачка на шеќер доведува до вишок килограми како и многу други намирници. Клучот е умереноста и треба да ни биде јасно дека ако одбереме мудро, ќе биде подобро доколку свесно јадеме домашна торта подготвена со шеќер отколку несовесно да внесуваме прекумерна доза на скриен шеќер. Многу диети се базирани врз отфрлањето на шеќерите и дозволуваат внесување на алтернативен шеќер – како јаворов сируп. Доколку сте на диета, нема потреба целосно да го отрфлите шеќерот, туку внесувајте го по пат на растенија, грав и мешунки. Нема ништо лошо доколку понекогаш јадете колачи или едно парче торта.
Како да го замените шеќерот?
Доклку не сакате да се откажете од слаткиот вкус, земенете го со вештачки засладувачи. Тие играат на картата: малку, но слатко. Поголемиот број на вештачки засладувачи не содржат калории, а доколку ги имаат се работи за непознати бројки, бидејќи, и да бидат до 300 пати послатки од шеќерот, нам ни е доволно многу мала количина.
Каде се крие?
За почеток, тајната за умерено внесување на шеќер, прво треба да дознаете каде се наоѓа скриениот шеќер. Шеќерот се наоѓа и во намирниците кои се сметаат за здрави, но треба да се внимава на количината: во медот, пченката и јачменовиот слад, овошните концентрати, нерафиниран сушен сок од шеќерна трска, сируп од шеќерна трска и агавин сируп.
 Веројатно веќе Ви се случува да посегнете кон здрава исхрана како мусли и овошје и да ја прочитате нивната содржина. Покрај малата количина на лешн

Пронајдете не на следниве мрежи: