ВНИМАНИЕ: Десет симптоми кои укажуваат дека на вашиот организам му недостига железо!

Поголем дел од луѓето страдаат од недостаток на железо во организмот, а најмногу ги погодува оние луѓе кои се физички активни и живеат со забрзано темпо. Доколку сакате да откриете дали вашиот организам има доволно количество од овој важен минерал, послушајте ги сигналите кои ви ги праќа телото.Ова се десетте најчести симптоми кои укажуваат дека ви фали железо во организмот:
1. Замор
Телото го користи железото за да произведе хемоглобин кој се наоѓа во црвените крвни зрнца, а кој пренесува кислород. Недостатокот на кислород во крвта доведува до чувство на постојан замор.
2. Лоша концентрација
Ако забележите дека вашата концентрација е изразено лоша и дека тешко функционирате при извршувањето на бројните обврски, тоа може да биде знак за недостаток на железо.
3. Апатија
Апатија кон сѐ – семејството, пријателите, работата или омилените активности, исто така може да биде предизвикана од недостатокот на железо во организмот. Доколку забележите дека вашето расположение е сменето и дека едноставно немате желба дa ги извршувате секојдневните обврски, би било добро да си ја проверите крвната слика.
4. Задишаност
Ако за време на пешачењето, тренингот или извршувањето на домашните работи многу брзo и нагло останувате без воздух, тоа може да биде последица од недостаток на овој важен минерал. Станува збор за кислородот кој му е потребен на вашето тело, а не го добива во доволни количества.
5. Бледа кожа
Бледата кожа може да биде показател за недостаток на железо, што никако не е добар знак. Бледникавата кожа е предизвикана од слабата циркулација на крвта и намалувањето на бројот на црвените крвни зрнца.

6. Намалена енергија и кондиција
Ако сте личност која редовно практикува физички активности, сигурно ќе забележите ако вашите вообичаени вежби ви стануваат премногу напорни и неизводливи. Недостатокот на железо ја намaлува физичката способност и издржливост на организмот.
7. Болки во мускулите
Ако по тренирањето или долгото пешачење почувствувате силни болки во мускулите, а не правевте ништо невообичаено, можеби телото ви порачува дека му недостига железо. Таквата состојба го забавува закрепнувањето на мускулите.
8. Слаби нокти
Ако вашите нокти повеќе не се цврсти и ако забележувате дека се кршливи и вдлабнати, постои можност дека на организмот му недостига железо.
9. Чести болести
Ако скоро цела зима сте ја поминале во настинки и воспаленија, а посебно ако секогаш страдате од болести на дишните патишта, главна причина за тоа може да биде ниското ниво на железо во организмот.
10. Боја на урината
Ако при мокрењето забележите значителна промена во бојата на урината, време е да побарате помош. Поради недостатокот на железо, урината ќе добие розикава, па дури и црвена боја.Ова се десетте најчести симптоми кои укажуваат дека ви фали железо во организмот:
1. Замор
Телото го користи желез

Пронајдете не на следниве мрежи: