Во центрите за шопинг и на железничките станици во последно време се појави нов вид кражба на пари од банковните сметки.Крадците коишто се запознаени со новата технологија, без многу мака можат да ги украдат вашите податоци од платежните и кредитните картички, без воопшто да ги допрат.
Сѐ што им е потребно е RFID читач кој открива радио-фреквенција на оддалеченост од 15 центиметри. Тоа овозможува „преземање“ на податоци од вашата картичка додека таа сѐ уште се наоѓа во вашите раце и наизглед е заштитена.
АВС7 Тим откри дека овој начин на дигитална измама најлесно се применува на тн. „wave and pay“ картички.
„Потребните уреди за спроведување на овие измами се достапни и лесно можат да се пронајдат на интернет“ – нагласи Дејв Брајан, кој е ескперт за безбедност во компанијата „Траствејв“.
Доколку читачот се наоѓа во границите на дометот, тој автоматски ќе го фати сигналот кој го емитува картичката за само неколку секунди. Информациите кои читачот може да ги добие, можат да се користат со помош на уред кој чини помеѓу 300 и 400 долари, а кој ги копира кредитните картички.
Компанијата „Нортон“ истакнува дека оваа година дури 70 отсто од кредитните картички ќе бидат подложни на овој нов начин за дигитална кражба и затоа би требало да бидете внимателни.Крадците коишто се запознаени со новата технологија, без многу мака можат да ги украдат вашите податоци од платежните и кредитните картички, без во