Дури и доколку не сте љубител на млеко, имајте ги на ум големите здравствени придобивки од овој напиток. Го пиете ли довоно? Млекото и млечните производи се препорачуваат како добар избор на калциум, поготово за жените на кои во подоцнежниот живот им се заканува остеопороза. И додека дел од луѓето се вистински љубители на млекото и млечите производи, дел од луѓето не ја пијат ниту минималната потребна количина на овој напиток дневно. Низата позитивни дејства со кои допринесува најобична чаша млеко навистина се вредни, посебно затоа што спречува многу болести.
Борба со килограмите
Во борбата со килограмите, многумина ќе избегнуваат млеко и млечни производи, што е сосема погрешен потег бидејќи токму калциумот со кој изобилуваат млечните производи е значаен фактор во процесот на слабеење.
Имено, храната која содржи многу калциум може да го спречи дебелеењето, а според истражувавањата лицата кои редовно конумираат млеко и млечни производи се помалку склони на дебелеење. Сепак важно е да се внесува доволна количина млечни производи секојдневно.
Просечни порции:
Шолја млеко- 250мл
¾ шолја јогурт- 175мл
50гр сирење
Доколку конзумирате барем две порции млеко или млечни поизводи во денот, го штититие своето здравје, имунитет и го спречувате дебелеењето.
Млекото спречува остеопороза, го чува срцето, штити од рак. Според спроведени истражувања, лицата кои редовно конзумираат млеко и млечни производи имаат за околу 22 проценти помалку ризик од развој на рак на дебелото црево за разлика на лицата кои ретко внесуваат млеко. Освен тоа, млекото го намалува крвниот притисок и штити од срцеви заболувања и ги јакнее коските.Млекото и млечните производи се препорачуваат како добар избор на калциум, поготово за жените на кои