Внимателно ја градиме 20 годишната доверба кај клинетите

Интервју со Ненад Атанасов, Генерален менаџер на Нени Компани1.   „Нени Компани“ е семејна компанија која што со години наназад ја носи светската мода во Македонија. Што е тоа што оваа Компанијата ја прави успешна?
– Тоа за што Нени компани се залага уште од своите почетоци се максимално задоволување на потребите и желбите на нашите клиенти. За таа цел, настојуваме квалитетот на производите да е секогаш на многу високо ниво, а секако вложуваме труд и време на константно подобрување на услугата која што им ја нудиме на нашите клиенти. Постојано ги следиме модните саеми во Италија и во Германија, искуства што потоа ги пренесуваме во нашите модни салони. Токму тоа помага во креирање на модни трендови, создавање на еден модерен поглед, дефинирање на деловен или кежуал изглед.
2.    Со кои предизвици се соочувавте сиве овие години, со оглед на тоа што финансиската криза ги стесни целните групи кои што ги таргетира модната индустрија?
Интересно е тоа што живееме во време кога целиот глобален сензибилитет се сведува на тоа модната индустрија да не се третира како луксуз, туку како потреба. На тоа се надоврзува и стилот, квалитетот, статусниот симбол и појава што зборува сама за себе, вредности што ги дава бренд како што е, на пример, Пјер Карден. Сепак, факт е дека имаше светска економска криза, која што во последниве неколку години го зафати целиот свет, па и нашата држава, но успеваме да одржиме баланс, благодарение на нашите верни клиенти кои веќе 20 години ни ја даваат својата доверба и кои се лојални потрошувачи на брендовите со кои што ние работиме. Тоа пред се, се должи на постојаниот квалитет на производите, како и квалитетната услуга која секој клиент ја добива од наша страна.

 3.       Пјер Карден е интернационален моден бренд, достапен за македонските потрошувачи 20 години. Деновиве славите дводецениски роденден, со што го држите високото ниво на овој бренд кај нас. Оттука и прашањето: Кој е профилот на македонскиот потрошувач?
Работиме во полето на модната индустрија, која што во последнава деценија доживува хипер брз развој и хиперпродукција. Паралелно со тоа, во нашето секојдневие се присутни и масовните медиуми што ни овозможуваат достапност до се што се случува во овој свет. Ништо не е далечно, ништо веќе не е чудно и изненадувачко. И во едно такво окружување, секој има начин и можност да си го изгради својот личен моден идентитет. Нашите клиенти се пред се силни индивидуи, со префинет вкус и луѓе кои точно знаат што бараат и што сакаат. Луѓе кои избираат да имаат изглед што зборува. Тоа се вредностите и атрибутите на Пјер Карден, тоа е профилот на нашите клиенти.
 
 4.       Покрај светскиот познатиот бренд Пјер Карден, кои други интернационални марки се застапени во вашите два продажни салони?
Покрај брендот Пјер Карден, Нени Компани во своите бутици има и облека од други светски познати брендови и тоа Armani Jeans, LAGERFELD, JOOP!, EA7-Emporio Armani, Eterna, Seidensticker, Club of Comfort, а од оваа пролет / лето сезона, го збогативме нашето портфолио и со модните брендови McNeal и Antony Morato, кои се наменети за помладата популација. Како што веќе напоменав, наша главна цел е задоволување на потребите и желбите на нашите клиенти и токму затоа постојано се трудиме да внесеме новитети во понудата од постојаните, како и за новите брендови.
 
5. Дали планирате проширување на продажните салони на Нени Компани низ другите градови во Македонија?
– Покрај двата салона во Скопје – “City Fashion – Pierre Cardin” лоцирани во Градскиот трговски центар и Скопје Сити Мол, имаме и еден бутик – outlet во Битола. Она што го носат новите времиња, она што го бара проширувањето на бизнис релациите, наметнува нови правила на однесување, на изглед, каде сеедно постојат протоколи и правила на облекување, токму тоа треба да го следиме. И се обидуваме да ги следиме овие потреби, и покрај тоа што најголем број од нашите клиенти се од главниот град, можноста за проширување и во другите градови не е исклучена. Маѓутоа, во моментов, нашиот фокус е задоволување на потребите на купувачите од цела Македонија, како и од Косово и јужниот дел од Србија, кои се чести посетители во нашите салони.
 1.   „Нени Компани“ е семејна компанија која што со години наназад ја носи светската мода во Македонија. Што е тоа што ова

Пронајдете не на следниве мрежи: