Внимателно: Намалена видливост на дел од патиштата

Намалена видливост поради појава на магла од 100 до 150 метри има на патот Куманово – Крива Паланка, од 50 до 70 метри на патниот правец Неготино – Демир Капија и од 50 до 100 метри на патиштата Скопје – Катланово и Скопје – Миладиновци, информира Автомотосојузот на Македонија (АМСМ).Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. На повисоките и  осојничави места се бележат наместа влажни коловози.
Во сила е законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, без оглед на временската состојба.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.
Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. На повисоките и  осојничави места се бележат наместа влажни коловози.
Во

Пронајдете не на следниве мрежи: