ВНИМАВАЈТЕ! 6 промени на кожата кои може да предизвикаат СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ

Кожата е најважниот надворешен орган на телото кој ги заштитува внатрешните органи. Состојбата на кожата може да биде показател на многу проблеми со внатрешните органи, а некои од знаците кои кожата ни ги испраќа, често знаеме да ги занемариме.Дознајте кои се тоа 6 промени на кожата кои повеќето од нас не ги поврзуваат со здравствени проблеми, а на кои токму поради таа причина треба да обрнеме внимание.
1. Брчки од смеење околу очите
Освен што укажуваат на тоа дека многу се смеете, брчките од смеење околу очите може да ви откријат и дека треба да го проверите видот, бидејќи тие црти може да настанат и од премногу напрегање, мижуркање. Можеби видот ви е ослабнат, но исто така може да мижуркате и доколку ви пречи сонце, што значи дека задолжително треба да носите наочари за сонце за да спречите понатамошно оштетување на видот и очите.
2. Потемна кожа на вратот и пазувите
Ако кожата на вратот и пазувите на делови е потемна, тоа може да упатува на дијабетес или проблеми со тироидната жлезда. Пореметувањето во пигментацијата на кожата често се манифестира на наборите на кожата па е вообичаено кај луѓе со зголемен ризик од дијабетес тип 2.
3. Многу бледа кожа
Ако кожата ви стане забележливо бледа, тоа може да биде показател на хронична анемија, една од најголемите причини за бледеење. Анемијата е состојба во која телото не произведува доволно црвени крвни станици, може да е предизвикана од премалку внесување на железо, фолна киселина и витамин Б12, но може да биде и генетски предизвикана.

 
4. Пеги
Пегите може да значат дека кожата е премногу оштетена од ултравиолетови зраци. Некои луѓе се генетски склони кон пегите, но тие може да бидат и резултат на сонцето и може да потемнат ако дополнително се изложуваат на ИВ зраци.
5. Сува кожа
Сувата кожа може да укаже на дехидрација, односно на тоа дека не внесувате доволно вода во организмот или дека внесувате премногу кофеин и алкохол. Може да дојде и до контрадикторна ситуација – зголемено настанување на бубулички бидејќи кожата се обидува да произведе повеќе маснотии за да го надокнади недостатокот на вода.
6. Акни околу устата и на брадата
Појавата на акни на ова подрачје може да биде показател на полицистични јајници, пореметување на ендокриниот состав кој може да предизвика неплодност. Ако акните околу устата и на брадата постојано се појавуваат, а со тоа имате и нередовна менструација, посетете лекар. Дознајте кои се тоа 6 промени на кожата кои повеќето од нас не ги поврзуваат со здравствени проблеми, а на кои токму поради таа причина треба да об

Пронајдете не на следниве мрежи: