Внимавајте да не се омрсите: Ова е храна која НЕ Е ПОСНА, а убедени сте во спротивното!

Почна големиот велигденски пост, а се повеќе луѓе се одлучуваат да постат. 
Постојат многу недоумици што е дозволено да се јаде во тие денови, а што не е. Кога се пости на вода, каква храна се јаде? Посната храна е секоја храна која нема животински состојки во себе.
Посни не се: сирењето, јајцата, алкохолот, месото. Тоа е мрсна храна. Во црквениот календар означено е што точно се јаде во одреден ден. Секој ден е означен, па постои „вода“, „масло“ или „мрс“. Ова е објаснение кое ќе ви помогне за да знаете што да јадете во тие денови. Кога во календарот за тој ден стои „вода“ значи дека се јаде храна која е посна а не е подготвена на масло и нема масло во себе.

Кога за денот во црквениот календар стои „масло“- тоа е посна храна која може да биде подготвена на масло.
Денот кога во црквениот календар стои „риба“- тогаш се јаде посна храна, но се дозволува риба и вино.

 
Денес не е тешко да се пости бидејќи има многу производи кои се посни, но исто така мора да се обрне внимение на декларацијата, иако за многу намирници се мисли дека се посни, сепак не се бидејќи содржат состојки од животинско потекло.
Многу е важно да ја прочитате декларацијата, бидејќи многу растителни сирења можат да содржат некоја состојка од животинско потекло- казин. Доколку купувате растителен кашкавал, проверете дали содржи казин.
Исто така во многу пецива и тестенини има јајца или јајца во прав, затоа секоја тестенина не е посна. На пример, лебот во некои пекари се премачкува со смеса која содржи јајца, за да се добие сјај и крцкавост.
Шокантно е и сознанието дека секоја рибја паштета не е посна, па и тука се препорачува да се прочита декларацијата.

Повеќето бомбони не се посни бидејќи содржат супстанци од животинско потекло. Иако се мислело дека гумените бомбони се посни, всушност тие во себе содржат желатин кој се добива со варење на животинска кожа, сврзно ткиво или коски од животни, често свински или кравји.
Добро обрнете вмнимание и на наполитанките бидејќи чоколадните преливи не се само од како, кое посно, туку содржат и млеко или млеко во прав.
  
Постојат многу недоумици што е дозволено да се јаде во тие денови, а што не е. Кога се пости на вода, каква храна се јаде? Посната х

Пронајдете не на следниве мрежи: