Опасен софтвер ја презема контролата врз процесот на исклучување на телефонот и создава привиден впечаток дека уредот се исклучува. Се гледа анимацијата, екранот поцрнува, но телефонот и понатаму работи.Нов проблематичен андроид malware може да ги повика контактите од Вашиот мобилен телефон или дури и да фотографира кога уредот е исклучен, предупреди компанијата AVG.
За да успее во тоа, штетниот процес ја презема контролата врз процесот на исклучување на телефонот и создава впечаток дека уредот се исклучува. Анимациите се видливи, екранот станува црн, но телефонот и понатаму работи.
Во таа состојба, програмата може да праќа пораки, повикува контакти и да фотографира, така што во принцип станува уред кој шпионира.
AVG објави дел од шифрите на оваа технолошка закана со име Android/PowerOffHijack. Овој malware влијае на сите телефони со инсталирана верзија на андроид под 5.0 и ги бара root дозволите на телефонот за да работи.
Досега се заразени нешто повеќе од 10.000 мобилни телефони, главно во Кина.
Најновата антивирусна програма на AVG може да ја неутрализира оваа закана, но компанијата и понатаму им препорачува на корисниците да ја извадат батеријата за да бидат сигурни дека телефонот навистина се исклучил.Нов проблематичен андроид malware може да ги повика контактите од Вашиот мобилен телефон или дури и да фотографира кога уредот е исклучен, предупре