ВНИМАВАЈТЕ: Еве што може да ви направи ОВА лажно известување на Фејсбук!

Ако добиете е-маил кој изгледа како известување од Фејсбук во кој се тврди дека ви е оневозможен пристап немојте да го отварате ликот!- предупредуваат стручњаците од фирмата Malwarebytes кои ја откриле оваа измама.Линкот води до „fishing“ страницата на која од корисникот се бара да го внесе корисничкото име и лозинка не само за Фејсбук налог туку и е-маил налог.
Линкот од е-маилот води до страницата на која потенцијалната жртва се известува дека и е оневозможено користењето на Фејсбук.
За повторно да може да го користи, корисникот во празните полиња треба да го внесе е-маилот со кој се пријавува на Фејсбук профилот како и лозинката.
Покрај тоа се бараат од корисниците и дополнителни информации-веб-мејл адресата и нејзината лозинка, датумот на раѓање, сигуроносното прашање и одговор името на земјата во која живеете.
Кога ќе ги внесете податоците треба да кликнете на „ Confirm“.

Меѓутоа откако жртвата ќе ги внесе овие податоци од неа на следната страна ќе бидат побарани нови податоци под изговор дека тие податоци се потребни кога корисникот купува Фејсбук кредити. Податоците кои криминалците ги бараат од корисниците измеѓу останатото се име и презиме на сопственикот на картиќката, бројот на кредитната картичка, датумот на истекување и сигуроносниот код.
Овој дел не може да се прескокне а кога корисникот повторно ќе кликне “Confirm”,  ќе се појави Фејсбук страницата „Изјава за правата и обврските“
Гугл овој веб-сајт веќе го стави на црната листа, но пристапот на сајтот не е ограничен во сите „броусери“ такада не се сите корисници обезбедени. Линкот води до „fishing“ страницата на која од корисникот се бара да го внесе корисничкото име и лозинка не само за Фејсбук налог

Пронајдете не на следниве мрежи: