Внимавајте: Голем број деца се малтретирани на интернет!

Резултатите од анкетата на британското Национално друштво за превенција од малтретирање деца, покажа голема бројка на деца кои се малтретирани на бил кој начив на интернет.Гардијан, повикувајќи се на оваа анкета пишува дека 10 отсто од малдите на возраст од 11 и 16 години се предмет на напад од страна на интернет тролови.
Тие повикуваат да се направи стратегија за борба со малтретирањето преку интернет. Повиците се упатени по серија самоубиства на тинејџери заради малтретирање на социјални мрежи, вклучувајќи несоодветни коментари, објавување фотографии од сексуални напади или закани за убиство и сексуално насилство.
Четири случаи на самоубиство беа на млади луѓе членови на социјалната мрежа создадена во Летонија аск.фм.
Таму на пример, еден член му напишал на друг дека го вклучил во списокот на луѓе за силување. Друг се заканувал на пријател на мрежата да внимава што прави оти ќе го силува.
Пред извесно време, британскиот премиер Дејвид Камерон повика луѓето да ги бојкотираат таквите социјални мрежи и од компаниите побара да не објавуваат реклами на тие мрежи.
Исто така, се повикува на кревање на свеста на родителите за повеќе да се информираат кои интернет портали се посетувани од страна на нивните деца. Гардијан, повикувајќи се на оваа анкета пишува дека 10 отсто од малдите на возраст од 11 и 16 години се предмет на напад од страна на интернет трол

Пронајдете не на следниве мрежи: