Веројатно имате слушнато за „телефонски лакот“ и за „Блекбери палец“ и дека ако гледате надоле кон вашиот телефон, може да ви се оштети видот. Верувале или не, тоа не се единствените последици од прекумерното користење на овие уреди.Секое прекумерно користење на смартфоните може да предизвика некој деформитет, па поради тоа, еден јапонски провајдер за мобилни телефони неодамна објави предупредување на Твитер.
Тој деформитет се вика „смартфон пинки“, а се појавува како резултат на тоа кога подолго време со малиот прст се придржува телефонот, т.е. неговата тежина.
Кога во раката се држи тежок телефон, тој ја притиска внатрешната страна од зглобот на малиот прст кој на англиски се нарекува „пинки“ – чувствителна точка од која се развива болката.
Ако ова пречесто се применува, може да дојде до „вовлекување на првиот и вториот зглоб од малиот прст“.
Она што корисниците треба да го направат е почесто да прават пауза додека го користат телефонот и се препорачува полека да се одвикнуваат целата тежина на телефонот да ја фокусираат на малиот прст.
【指が変形!?】スマホの持ち方によっては「テキストサム損傷」になってしまうことも・・・。特定の指に負担をかけすぎないように、ときどき持ち方を変えたり休憩を取ってくださいね。 pic.twitter.com/poJYY8iZr1
— ドコモ公式サポート (@docomo_cs) March 5, 2015
Секое прекумерно користење на смартфоните може да предизвика некој деформитет, па поради тоа, еден јапонски провајдер за мобилни телефони неодамна