ВНИМАВАЈТЕ, МОЖЕБИ НЕКОЈ ВЕ ГЛЕДА: Хакирани се илјадници камери ширум светот!

На интернет мрежата се пласираа линкови до речиси 100.000 безбедносни камери ширум светот, меѓу кои има и многу од Македонија. Преку нив, може да следите во реално време што се случува во многу продавници и локали низ светот, но и домови, дури и во Македонија!Кога се решаваме и посегнуваме по купување на безбедносни камери кои се поставуваат во домовите или на работните места, всушност многу малку од луѓето се свесни за бизарниот и морничав факт дека токму на ваков начин можат да ја загрозат сопствената безбедност.
Новинарите на “Mail on Sunday” спроведоа и едно обемно истражување и дојдоа до многу запрепастувачки податоци. Всушност, голем број на веб-страници, меѓу кои и insecam.com, емитувааат снимки во реално време од камерите во десетици илјади домови, институции, продавници, козметички салони, па дури и училишта!
Хакерите всушност ги откриле лозинките на овие камери на сосема едноставен начин, односно, самите сопственици не ги менуваат редовно, а некои не ги менуваат воопшто! Од друга страна пак е неинформираноста на луѓето, но важен е и фактот дека голем број од луѓето не биле ниту опоменати дека треба да се внимава со цел да не дојде до вакви бизарни последици.
Eкспертите велат дека хакерите го користат незнаењето на сопствениците на камерите, кои ги поврзуваат на Интернет, често без да ги сменат фабричките нагодувања, па така на пример, одреден тип на камери имаат фабрички лозинки „admin” или „12345“, па хакерите со леснотија ги пробиваат и потоа ја нарушуваат и приватноста.
Во текот на само два часа, новинарите кое го спровеле истражувањето успеале да пронајдат видео снимки на интернет мрежата кои биле достапни за сите и на кои се гледале секакви бизарни ситуации, од бебиња кои спијат, деца кои си играат, црковни простори, семејства за време на ручек, безброј продавници, училишта, и што се’ уште не.
Доколку и вие имате инсталирано безбедносна камера која може да биде хакирана, можеби токму вас ве гледа некој и тоа во истиов момент на интернет! Во реално време!
Се смета дека најранлива категорија на уреди се бебе мониторите, домашните безбедносни камери и безбедносните камери кои најчесто се инсталираат на секакви вообичаени локации.
Хакирањето може многу лесно и едноставно да се спречи, само ако веднаш после купувањето и инсталацијата се смени фабричката лозинка која е првично нагодена.Кога се решаваме и посегнуваме по купување на безбедносни камери кои се поставуваат во домовите или на работните места, всушност многу малку од луѓ

Пронајдете не на следниве мрежи: