Внимавајте: Нова измама молскавично се шири на Фејсбук!

Масовната појава на линкови кои наводно откриваат кој ви го гледа профилот на Фејсбук, сега доби поопасен наследник. Многумина досега научија дека нема да дознаете кој ви го гледа профилот, но секако дека хакерите ќе добијат пристап до вашите лични податоци.Само што луѓето ги сменија шифрите и избегнаа такво интернет искуство, се појави уште полош проблем ако на Фејсбук пристапувате преку вашиот мобилен телефон.
Оваа измама сега ја користи следната камуфлажа – на вашиот профил пристигнува известување дека лице од вашите пријатели (често избрано сосема случајно), објави видео на вашиот ѕид.
Оваа измама е поопасна од претходните, бидејќи овој пат како „главен соучесник“ го користи вашиот лик. Видеото изгледа сосема обично, има рамка, а во неговата средина се наоѓа ваша фотографија. Често го носи и вашето име!
Помалку упатените корисници тогаш помислуваат дека станува збор за некаква компилација на Фејсбук спомени, наликувајќи на оние кои социјалната мрежа често ги објавува.
Не кликајте на линкови од непроверени извори и бидете посебно внимателни ако некој непознат испраќач бара од вас да симнете некоја апликација. Веројатно е дека така самите ќе го инсталирате вирусот.Само што луѓето ги сменија шифрите и избегнаа такво интернет искуство, се појави уште полош проблем ако на Фејсбук пристапувате преку вашиот мобиле

Пронајдете не на следниве мрежи: