Неколку од најпознатите брендови на телевизори наводно следат се што гледате и ги пријавуваат на компаниите што сакаат да се рекламираат.Имено, опцијата „паметна интеракција“ што некои телевизори ја имаат, всушност е сетирана така што ги испраќа информациите назад до фабриката.
Оваа опција ги следи навиките на гледање одредени програми на луѓето, како и времето на гледање и што снимале.
Понатаму, IP адресата на корисникот на телевизорот за кој се собрани тие информации се поврзува и со други електронски направи со истата адреса, како телефон или таблет што се наоѓаат во домот.
Некои од производителите на ваквите телевизори јавно признаа дека ги следат корисниците: „Информации што не се од личен карактер понекогаш се споделени со некои од нашите партнери, а тоа е за да им се овозможи на компаниите да бидат поинформирани кога ќе ги носат одлуките за содржината на рекламата.“, изјавија тие.
Истите компании произведуваат и таблети, лаптопи и мобилни телефони.
За среќа оваа опција можете едноставно да ја исклучите.
Сепак, не е познато дали опцијата ќе може да се исклучи во иднината, или ќе биде задолжително вклучена во идните модели.Имено, опцијата „паметна интеракција“ што некои телевизори ја имаат, всушност е сетирана така што ги испраќа информациите назад до фабр