Внимавајте, одрон на патот Делчево-Македонска Каменица

На патниот правец Делчево – Македонска Каменица кај местото викано Боришето, поради одрон сообраќајот за лесните возила се одвива по девијација во должина од 100 до 150 метри.Тешките товарни возила не се пропуштаат додека траат работите за расчистување на коловозот, информира Диспечерскиот центар на ЈП „Македонија пат“.
Екипите на ЈП „Македонија пат“ и АДГ „Гранит“ работат на расчистување на одронот и нормализирање на сообраќајот.
Собраќајот го регулира сообраќајната полиција и се очекува негово нормализирање во најкраток можен рок.Тешките товарни возила не се пропуштаат додека траат работите за расчистување на коловозот, информира Диспечерскиот центар на ЈП „Македонија

Пронајдете не на следниве мрежи:

©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.