Човечкото тело е неверојатна машина која треба редовно да ја сервисирате и да внимавате на неа. Токму поради тоа многу е важно па послушате што ви говори вашето тело. Ви носиме 10 знаци кои не смеете да ги игнорирате, а кои говорат дека не сте здрави како што мислите.1. Седа коса пред 40-тите години
Седите влакна на косата се природна појава која често зависи од генетиката. Но ако имате повеќе од 50 проценти седа коса веќе во 30-тите години од животот, а таков случај немате во семејството, тоа може да биде знак на дијабетес.
2. Младежи
Иако повеќето младежи на телото се безопасни и бенигни, некои можат да бидат причично опасни, особено оние кои настале како последица на сончање. Сенилна или актирична кератоза настанува од делување на сонцето и неговите УВ зрачења па така се вбројува во пред-канцерогени промени на кожата.
3. Белките на очите
Белката во окото секогаш треба да биде бела. Освен во недостаток на сон или прелада, овој дел од окото може да открие и некои негативни промени во вашиот организам. Жолта белка на окото може да биде знак на жолтица, проблеми со црн дроб и жолтица. Црвенилото во очите може да биде знак на висок крвен притисок или виусно заболување како што е коњуктивитис.
4. Испукани усни
Пукнатини на усните можат да бидат предизвикани од промена на температурата и ветерот. Но пукнатини кои често се јавуваат на краевите од уснатаможат да упатат на недостаток на витамин Б и цинк. Ако пукањето на усните се зачести може да се работи за габична инфекција.
5. Отечен врат
Ако сте забележале дека вашиот врат е отечен веднаш побарајте совет од лекар. Оток на предниот дел на вратот нејчесто е предизвикан од проблем со тироидната жлезда што е вообичаено кај жени помеѓу 20 и 50 години.
6. Губење на веѓите
Веѓите со текот на годините стануваат поретки, но ненадејното губење на влакната може да биде знак за проблем со тироидната жлезда, хипертензија – преактивна тироидна жлезда или хипотироидизам – намалена работа на тироидната жлезда. Ваквите промени се пропратени и со губење на косата.
7. Црвени дланки
Воспалени и црвени дланки можат да бидат знак за дерматитис, егземи или алергиски реакции на метал, лекови, храна или пијалак. Но, исто така, ваквата промена може да биде знак на отежнато работење и болест на црниот дроб.
8. Промени на ноктите
Ноктите можат многу да ви откријат во врска со состојбата на вашето тело, а промените можат да бидат различни и никако не смеете да ги игнорирате.
9. Ладни стапала
Стапалата се дел од телото најоддалечени од срцето и затоа васкуларните болести најпрво се манифестираат на нив. Болеста Raynaud е автоимуна болест која предизвикува стегање на жилите и делови на телото како што се прстите на рацете и нозете, носот, ушите, поради што тие стануваат ладни, бледи па дури и вкочанети.
10. Црвени образи
Иако ненадејните промени на лицето се вообичаени кај жени помеѓу 30 и 55 години од животот, кои се предизвикани од температурата и лутата храна, румените образи може да упатуваат и на розацеа – хронична болест која ги погодува повеќе од жените, а чија причина за појавување е непозната.1. Седа коса пред 40-тите години
Седите влакна на косата се природна појава која често зависи од генетиката. Но ако имате



