Внимавајте! Овие 7 пијалаци ДЕБЕЛЕАТ

Како што внимаваме што јадеме, треба да внимаваме и кога станува збор за пијалаците кои ги внесуваме во организмот.Денес имаме голема понуда на сокови. Течностите кои би требало да бидат здрави, да нè наполнат со енергија и хранливи материи всушност се полни со шеќер и адитиви чии имиња и самите не знаеме да ги изговориме.
Тоа лесно можеме да го сфатиме читајќи ја етикетата за состав, па затоа следниот пат кога купувате издвојте неколку секунди и проверете колку шеќер и калории има во напитокот со кој имате намера да ја угаснете жедта.
И една напомена: водата и растителните чаеви се избор со кој не можете да згрешите!
1. „Природни“ сокови
Соковите кои се продаваат под етикета природни, во повеќето случаи се само вода во која се додадени бои и шеќер. Ако сакате здрав напиток самите исцедете си овошје или купувајте ги само оние сокови кои се произведени од природен сок без додаток на шеќер.
2. Вода со вкус
Водата со вкус можеби осигурува мала количина на витамини, но исто така е и полна со шеќер. Затоа треба да се избегнува, а добро е и да се обрне внимание и при купување на обичната вода во шише. Ако на етикетата помеѓу состојките пишува уште нешто освен вода и природни додатоци, оставете ја на полицата.
3. Газирани пијалаци
На нивниот вкус кој го нагризува грлото и не освежува, тешко можеме да му одолееме, но освен краткотрајното уживање газираниот пијалак нема да ни донесе ништо добро. Полни се со шеќер и празни калории, често содржат и кофеин, немаат никаква хранлива вредност,а  нивната главна состојка фосфатот има токсично дејство: може да го забрза процесот на стареење.
4. Коктели
Примамливи мешавини на овошни ликери и жестоки пијалаци кои може да содржат и до вртоглави 800 калории, што е осум пати повеќе од една чаша рум. Добрата околност е што се консумираат главно преку лето.

 
5. Фрапе
Овошјето е здраво, но овошното фрапе од еден литар може да содржи и до 700 калории и само два грама протеини. Калориите од било која храна се претвораат во маснотии ако изедете повеќе одошто можете да потрошите. Ако сакате фрапе измиксирајте го дома и со него заменете некој оброк, на пример вечерата.
6. Жестоки пијалаци
Умерената консумација на алкохол, еден до два пијалаци во текот на неделата, го подигнува нивото на холестерол, го поттикнува крвотокот и го забрзува метаболизмот, но ако пиете повеќе од тоа, ризикот од здебелување и други здравствени проблеми се зголемува.
7. Енергетски пијалаци
Повеќето енергетски пијалаци се полни со кофеин и шеќер поради што на кратко ќе ве „подигнат“, но многу бргу ќе ве „спуштат“. Затоа кога ќе почувствувате умор или недостаток на концентрација земете шолја зелен чај или изедете една рака чистени ореви.Денес имаме голема понуда на сокови. Течностите кои би требало да бидат здрави, да нè наполнат со енергија и хранливи материи всушност

Пронајдете не на следниве мрежи: