Неверноста е една од најголемите причини за раскинување и развод. Мамењето е “се она што за вас е надвор од границите на нормалното”.Не може да има само една дефиниција за мамење. Во отворена врска, ова може да значи дека еден од партнерите спиел со некого без да му каже на другиот.” Лошата вест е дека измамата се чини дека е многу почеста отколку што може да си замислиме. Одредени истражувања откриваат дека еден од пет возрасни британци имале афера, додека една третина изјавиле дека размислувале за тоа. Една четвртина изјавиле дека имаат две љубовни афери, додека 20% имаат три или повеќе, а 8% имале пет или повеќе афери. Сепак, според овие истражувања, постојат три типа на луѓе кои е поверојатно да изневеруваат.
Себични луѓе
Себичните луѓе немаат морален стандард кога станува збор за нивните односи и се третиот тип на личности кој најверојатно ќе измами. Тие знаат дека изневерувањето на партнерот не е во ред и дека може да предизвика траума, но сепак нивните себични потреби преовладуваат. Нивните морални вредности се поместени до тој степен што воопшто не се фер и се тотални хипокрити.
Нарцисоидни личности
За нарцисистот се се врти околу докажувањето колку сте вљубени во него. За нив не е доволно една личност да ги сака, тие сакаат да бидат сигурни дека сите ги сакаат. Флертувањето, спиењето и бакнувањето со други личности за нив претставува доказ за нивната вредност. Една студија покажа дека нарцисоидните луѓе не се посветуваат во целост на партнерот бидејќи секогаш сметаат дека заслужуваат и можат да најдат подобар партнер.
Несигурни луѓе
Несигурните луѓе се личности со кои треба да се биде особено внимателен иако не се мисли на основното ниво на несигурност што сите ние го имаме, бидејќи чувството на сомнеж и грижа е присутн кај сите. Но, кога некој е толку длабоко несигурен сметајќи дека ако не им покажувате љубов постојано, тие ќе ја побараат на друго место – тоа е опасно. Во секоја врска мора да бидеме реални. Доколку подолг временски период некој ве третира ладно или чувствувате дека се одалечува од вас, се може да се случи. Но на краток рок, не треба да избрзувате со заклучоците.Не може да има само една дефиниција за мамење. Во отворена врска, ова може да значи дека еден од партнерите спиел со некого без да му каже на други