Иако прават домот да изгледа поубаво, некои од овие билки можат да бидат опасни по здравјте ако се најдат во организмот, да оведат до алергиска реакција иако ги допреме или кожата ни дојде до контакт со нив.Ова се билките кои најчесто се наоѓаат во нашите домови и кои може да доведат до сериозни здравствени проблеми:
ФИЛАДЕНДРОН – ова е една од најчестите билки кои може да се најдат во становите, но ако во некој случај се конзумира може да доведе до отекување на устата, повраќање и дијареа.
ФИКУС – познат под називот Бенџаминово дрво, фикусот е многу честа украсна билка, но на своите листови има млечен сок кој е отровен. Постојат околу 800 подвидови фикуси, а скоро сите видови во допир со кожата предизвикуваат отекување и чешање.
ПАПРАТ – во текот на ноќта го апсорбираат кислородот и испуштаат јаглерод диоксид кој може да доведе до утрински главоболки, без видливи причини. Покрај тоа, силниот мирис може да предизвика несоница, затоа никако не смеете да ги чувате во спалните соби.
КРОТОН – Ако го фатите без ракавици може да ви се појават црвенила и отоци. Има млечна течност во себе која може да ја иритира кожата.
ФЛАМИНГОВ ЦВЕТ – Може да делува на тоа да имате пецкање на устата или проблеми со гласните жици со супстанците кои ги испушта.
ДИФЕНБАХИЈА – Таа може да предизвика печење на очите, па дури и слепило.
ХОРТЕНЗИЈА – Може да предизвика болки во стомакот дури и неколку часа откако ќе јадете. Симптоми се и омалаксаност и потење.Ова се билките кои најчесто се наоѓаат во нашите домови и кои може да доведат до сериозни здравствени проблеми:
ФИЛАДЕНДРОН – ова е една од