Внимавајте, се будат змиите од зимскиот сон

Како што затоплува времето, така живнува и животинскиот свет. Особено треба да се обрне внимание на змиите отровници. Еве како да ги избегнете и како да се заштитите од нивното каснување. 
Како и животните, така и ние луѓето скаме да уживаме во убавото време и во природата. Сепак, мораме да бидеме внимателни и да не си го доведеме здравјето во опасност. Бидејќи наближува празникот 1ви Мај, а вие сигурно се подготвувате за излет во природа, ви даваме неколку совети околу справувањето со змиите.
Заштитете се од каснувања
Доколку се движите низ места со висока трева, носете долги панталони или тренерки, како и високи чевли, со цел да ги заштитите нозете од ненадејни каснувања.
Исто така, внимавајте каде се движите и каде стапнувате. Добро прегледајте го местото каде сакате да седнете да се одморите. Сомнителни места никако не ги пребарувајте со раце. Во случај да наидете на змија, не паничете.
Останете мирни и обидете се полека да ја заобиколите змијата. Немојте попусто да се обидувате да ја исплашите со звуци. Змиите немаат сетило за слух, но затоа се многу чувствителни на вибрации, па ако малку удирате со ногата во земјата, може да ги исплашите и да побегнат. Не посегнувајте по змијата, инаку многу ќе ја исплашите па во одбрана ќе се обиде да ве касне.

 
Доколку ве касне змија
Во случај на каснување останете колку што можете мирни. Не се обидувајте да ја засечете раната или пак сами да го цицате отровот од неа, туку оставете ја да крвари.
Во никој случај не обидувајте се да ја уловите или убиете змијата, зошто така може и некој друг да настрада. Изолирајте го каснатото место со завој и веднаш упатете се до најблиската амбуланта или болница.
  
Како и животните, така и ние луѓето скаме да уживаме во убавото време и во природата. Сепак, мораме да бидеме внимат

Пронајдете не на следниве мрежи: