Полицијата на три локации во Белград заплени 4,5 литри дрога за силување (ГНБ) таканаречени течни екстази.Само неколку милилитри од оваа супстанца која ја подметнуваат на жртвата во пијалокот предизвикува омалаксаност и целосна амнезија во рок од шест часа.
– Дрогата е без боја и скоро нема ни мирис, така да не може да се забележи доколку некому му се стави во пијалокот. Доволно е само два до три милилитри од оваа супстанца за само десет минути жртвата да чувствува омалаксаност, понекогаш мачнина и да го изгуби помнењето, наведуваат од полицијата.
Дејството на оваа дрога трае дури 11 часа, но помнењето на жртвата се враќа по три часа, после тоа не се сеќава на ништо.
– Неа често ја користат силувачите токму поради ова дејство. Кога делува наркотикот жртвата ја носи некаде и ја силува. После тоа ја враќа на местото од каде ја нашол. Жртвата не е свесна дека е силувана кога ќе се освести, велат од полицијата. Само неколку милилитри од оваа супстанца која ја подметнуваат на жртвата во пијалокот предизвикува омалаксаност и целосна амнезија во рок од шест ч