ВНИМАВАЈТЕ СО ЛАЖНИТЕ ДОЈАВИ: Еве како измамниците ви ги земаат парите од „наместени“ натпревари!

Со цел никогаш повеќе да не наседнете на измамите со „сигурните дојави“, би требало да дознаете како функционира шемата на оние кои се обидуваат да ги измамат кладилниците и се надеваат на брза и лесна заработка врз основа на дојавите кои се нудат преку социјалните мрежи.Сигурно најмалку еднаш ви се случило да налетате на барање за пријателство или повик да „лајкнете“ страница со дојави од обложувалница.
Тоа најчесто им се случува на оние кои редовно играат спортска и уплаќаат ливчиња, но она што многумина од нив не го знаат е дека таквите страници се класична измама и служат само за да се земат пари од наивните луѓе.
Секој човек кој барем еднаш уплатил ливче во кладилница, го има почувствувано жарот на чекањето, да речеме на 2-3 гола или да му пропадне ливчето во последната минута од натпреварот, па посакува да ја измами обложувалницата.
Дојавите на своите почетоци прво биле обични погодувања од среќа во пониски лиги, па по доаѓањето на интернетот дојде и до формирање на тон Фејсбук страници за дојави и типови, сигурни добивки… чија цел е да ги измамат луѓето со добро разработениот систем 30-10-3.
Прво ќе се креира страница со некое „Дојави“ име, а тогаш се собираат лајкови. Во почетокот се ставаат фотографии со многу пари и добитни ливчиња кои лесно се крадат од други сајтови или страници. Луѓето се желни за пари и имаат налет на адреналин кога ќе видат куп евра како лежат преку некое добитно ливче.
Кога ќе се собере голема база на лајкови или луѓе кои се желни да ја измамат обложувалницата, тогаш почнува вистинското шоу во кое единствена страна која има корист од целата претстава се – измамниците.

Еве вака: На некоја страница има околу 50.000 лајкови и 7 администратори кои ја следат работата на страницата и ги таргетираат корисниците кои поминуваат најмногу време при коментирањето на нивните објави, или кои во инбокс им праќаат барања за дојави. Кога ќе се одберат „жртвите“, тогаш се тргнува во напад и на сцена настапува спомнатата тактика.
Што е всушност 30-10-3?
„Одбравме 30 луѓе на кои им јавивме дека имаме дојава за некој натпревар во втората француска лига. На група од 10 луѓе им кажавме дека ќе биде кец, на други 10 им рековме дека ќе биде икс, на третата група дека ќе биде двојка“, раскажува еден од момците кој некогаш правел вакви измами.
Од оваа група на 30 луѓе, сигурна добивка имаат остварено 10 од нив. Тие се воодушевени, им веруваат на измамниците, не земале многу пари зашто не вложиле многу, но затоа се убедени дека дојавите се сигурни. Со овие 20 кои изгубиле едноставно не се разговара, или пак им се дава втора шанса…
Сега веќе постои база од 10 луѓе кои ја поминале дојавата и повторно се делат
„Им бараме по 20 евра пред натпреварот и 30 евра после, бидејќи ова е сигурен натпревар во кој можат да вложат доста пари. Логично прашање е: Зошто ние бараме пари, ако веќе ги знаеме дојавите? Ние обично одговараме дека денес никој не работи за бадијала, дека и ние ги плаќаме тие дојави од луѓе кои живеат во други земји, или се пријатели на фудбалерите“, продолжува приказната.
„Хипотетички гледано, сега имаме заработка од 10 луѓе кои уплатиле по 20 евра. Тоа се 200 евра. Повторно случајно одбираме натпревар со добри коефициенти (битно е да не се ривали од типот Цезена – Јувентус, бидејќи е извесно дека ќе биде двојка. Нам ни требаат приближни шанси и за едните и за другите) и им ги даваме на десетмината одбрани“.
„Тројца сигурно поминуваат. Тие се воодушевени и сакаат понатаму да соработуваат со нас. Четсо се случува да го испочитуваат договорот и да пратат по 30 евра по натпреварот. Сега веќе имаме 290 евра заработка. Тука доаѓаме до последниот круг, бидејќи имаме тројца задоволни клиенти кои добиваат. Максимално ни веруваат и подготвени се многу да ризикуваат“.
„Овој пат бараме повеќе: 50 евра пред натпреварот, 50 евра после. Добиваме 150 евра пред натпреварот и сега нашето салдо е 340. Повторно бираме натпревар со приближни коефициенти и додека двајца сигурно губат, еден сигурно добива. Тој ни праќа уште 50 евра. За следната дојава му бараме 100 евра пред натпреварот. Нашето салдо сега изнесува 490 евра“, изјави момчето.
Замислете само колку овие луѓе заработуваат за еден викенд кога има многу натпревари. Но, со оглед на тоа дека и полицијата почна да ги гони, тие најчесто ги укинуваат страниците и се повлекуваат во илегала. Но, секогаш се жедни за пари.
Исто така, помалку „нереални“ поминувања се оние со 1-Х или 2-Х, каде што коефициентот е околу 13, па до избраните парови се доаѓа со помош на статистики. Постојат табели во европскиот фудбал во кои е прикажано кој тим најчесто остварува икс во текот на сезоната и како завршуваат, па најчесто тие се бираат како „дојава од искусен обложувач од Холандија, кој со години се занимава со ова“.
Затоа, постојат секаков вид измами и најдобро е да ги избегнувате овие непристојни понуди, колку и да звучат примамливо. Во спротивно, скапо ќе ве чинат.Сигурно најмалку еднаш ви се случило да налетате на барање за пријателство или повик да „лајкнете“ страница со дојави од обложувалница.

Пронајдете не на следниве мрежи: