Видеото што го сними Здружението за заштита на животните (ПЕТА), прикажува работници во касапница во Кина како убиваат кучиња со палка – понекогаш се потребни неколку силни удари за да ги онесвестат животните.Истражувачот на ПЕТА, вели дека со свои очи ги видел работниците како им ја дерат кожата на живи кучиња.
Здружението посетило три касапници и фарми во централна Кина, за време на година дена долгата истрага во врска со убивањето на кучиња и производството на предмети од нивна кожа. Еден од работниците им рекол на истражувачите дека во нивната касапница се убиваат и дерат од 100 до 200 кучиња дневно.
И без тоа е веќе познато дека во Кина се убиваат кучињата и дека нивното месо се продава во рестораните како деликатес, но ова е првпат со камери да се забележи производството на кучешка кожа. Во морничавата репортажа која е објавена од страна на ПЕТА, во позадината се нишаат кучиња обесени на метални куки.
„Многу препродавачи увезуваат евтина кожа од Кина, кој може да знае дали тие кожни ракавици или ташни се направени од кучешка кожа?“ – прашува основачот на ПЕТА, Ингрид Њукирк.
„ПЕТА ги повика купувачите ширум светот да го запомнат теророт кој кучињата и другите животни го преживуваат“ – рече Њукирк.
Кучешката кожа има полош квалитет од кожата на овците или кравите, но исто така е поевтина за изработка.
Еден од сопствениците на ваквите касапници изјави дека кучешката кожа ја продават како јагнешка, додавајќи дека поради недостаток на транспарентноста е тешко да се процени колкав е процентот на застапеноста на кучешка кожа во продажбата.
Истражувачот на ПЕТА, вели дека со свои очи ги видел работниците како им ја дерат кожата на живи кучиња.
Здружението посетило три касапници



