ВНИМАВАЈТЕ, УТРЕ МОЖЕ ДА БИДЕ НЕКОЈ ШТО ГО ПОЗНАВАТЕ: Како нормалните луѓе стануваат радикални џихадисти?

Норвежанката Дија Кан, неодамна го режираше документарниот филм „Џихад“, во кој низ разговор со повеќе лица се обиде да објасни како нормалните луѓе стануваат радикални џихадисти.Во текстот што го објави британски Телеграф, таа наведува дека разговарала со мажи и жени од Велика Британија коишто учествувале во бојните полиња на Босна и Херцеговина, Авганистан, Кашмир, Бурма и Чеченија.
„Разговарајќи со овие радикални борци, открив дека тие се фрустрирани од својата реалност“, пишува Кан.
Таа истакнала дека најчесто се работи за друга генерација на муслимани или личности кои неодамна преминале во ислам.
„И покрај религиозната реторика во својата основа, ова во суштина е движење на млади кое претставува одговор на постапките на нивните родители, но и на гревовите на Западот“, наведува Кан.
Таа нагласува дека поголемиот дел од личностите коишто ги интервјуирала, се оддалечени од исламската култура. Тие личности, наведува норвешката режисерка, имаат многу мал избор за кого ќе се венчаат, што ќе студираат и слично.
„Тоа им остава ограничен простор на младите луѓе да се изразат. Затоа хиперрелигиозноста им овозможува на тие личности да излезат надвор од родителската контрола. Некои од нив така се чувствуваат како подобри муслимани од нивните родители. Исто така, во таквите средини од младите мажи често се очекува да го издржуваат семејството. Меѓутоа, често нема работа и тие не се во можност да ги исполнат очекувањата. Тоа кај нив предизвикува срам и понекогаш ги исполнува со бес. Затоа го земаат идентитетот на `свети војници`, што кај нив влева чувство на машка чест. Тоа трансформира личност од обичен губитник во голем војник“, напоменува Кан.
Според нејзиното мислење, радикалните џихадисти сметаат дека им донесуваат правда на муслиманите ширум светот.
„Исламскиот екстремизам ги демне ранливите личности коишто имаат чувство дека никаде не припаѓаат. Трага по лица кои немаат идентитет и цел во животот и им вели дека се борци во борбата помеѓу доброто и лошото“, пишува Кан и заклучува:
„Исламската држва им нуди на таквите луѓе чувство на авантура, воена слава, поседување жени… што од нив прави да бидат `вистински мажи`. Мажите коишто порано невидливи, одеднаш предизвикуваат стравопочит“.Во текстот што го објави британски Телеграф, таа наведува дека разговарала со мажи и жени од Велика Британија коишто учествувале во бојните полиња

Пронајдете не на следниве мрежи: