Хорор ја потресе Македонија, внук се обидел да си ја убие бабата. Од полицијата информираат дека во Македонска Каменица, на улицата Каменичка, 65-годишната Д.Б. била физички нападната од страна на нејзиниот внук, 22-годишниот Д.Д. од селото Јакимово, виничко.
Жената се здобила со повреди на главата, отоци на двете очи, посекотина на вратот, а по прегледите од страна на лекар, исто така било констатирано дека внукот ја давел.
Д.Б. била префрлена и задржана на лекување во Клиничка болница Штип, додека внукот е лишен од слобода.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.Од полицијата информираат дека во Македонска Каменица, на улицата Каменичка, 65-годишната Д.Б. била физички нападната од страна на нејзиниот в