Постојано се прашувам зошто на одреден број години нашава држава, повторно и повторно треба да биде исправена пред предизвиците за потребата на странски земји. Дали ние Македонците не припаѓаме кон вообичаеното мноштво на народот кое културолошко се издигнало на ниво да воспостави и да организира сопствен дом, сопствен дом и држава со свое име и презиме, истакна на денешниот протестен марш внуката на Питу Гули, Елена Гули која воедно му се обрати на Зијадин Села.-Господине Села, јас како обична Македонка со своите 77 години и со борбата на моите предци сум доказ дека постојам повеќе од 100 години. Како мене такви генерации се вклопени и пред се генерациски во разни форми вградени во македонската кауза преку која дод енес е формирана македонската држава. Ги има илјадници Македонци и други граѓани на Република Македонија. тие со срце и душа си го сакаат својот дом Македонија. Господине Села, ако пред 100 години, ама и ако пред 500 години не биле на пописните графи евидентирани Македонци, со гаранција ви тврдам дека немало ни евидентирани Албанци, а немало евидентирано ниту многу други народи.
Господине Села да ве потсетам дека вашите учители не ви кажале некои работи за Крушевската република, ја создадоа многу мал број на луѓе, самовостаници околу 20 интелектуалци и околу 1.200 оддани востаници. Само со сопствени сили и сопствен ум успеаја да одговорат на предизивиците од тогашното време и да постават високи демократски стандарди.
Затоа денес кога гледам толкава маса луѓе, народ, толку здрава и позитивна енергија на една место како што чувствува отчукувањето на срцето на За заедничка Македонија, едно сум сигурна и длабоко убедена, силата што ни ја испражаат нашите предци до нас, ќе стигне до висока цел. Денес знаеме што сакаме, знаеме каде одиме и затоа господине Села бидете сигурни дека нема да оставиме на коловозната лента на која вие сакате со лекции по демократијата, борба против криминалот, реформи за евтини пари, без билет да не возите. Целта ни е голема, борбата смислена, истакна Елена Гули во своето обраќање.-Господине Села, јас како обична Македонка со своите 77 години и со борбата на моите предци сум доказ дека постојам повеќе од 100 години. Како мене