Групацијата Триглав ги претстави плановите за 2018-та година. Групацијата планира добивка пред оданочување во висина помеѓу 80 и 90 милиони евра, консолидирана бруто полисирана премија од осигурување повисока од една милијарда евра и комбиниран количник на поволна висина од околу 95%. Според предвидувањата, работењето во 2018-та година ќе се одвива во подобри макроекономски услови во регионот, а истовремено може да се очекува зголемување на конкурентноста на осигурителните пазари и продолжување на трендот на намалување на приходите од инвестиции поради ниските каматни стапки. Групацијата Триглав и понатаму доследно ќе ја спроведува стратегијата 2017-2020 во насока на својата визија за динамичен развој на нови начини на работење, што е основа за одговорен долгорочен развој, како и понатаму да работи профитабилно и безбедно. Групацијата Триглав, водечка осигурително – финансиска групација во Словенија и во регионот Адриа, во 2018-та ќе продолжи со стриктно спроведување на својата стратегија 2017-2020. Групацијата очекува во доменот на осигурување нејзиното работење да биде под влијание на подобри макроекономски услови во регионот, коишто истовремено ќе предизвикаат уште поостра конкуренција на нејзините пазари на осигурување. Имајќи ги во предвид прогнозите, во 2018-та година условите на финансиските пазари ќе продолжат да бидат неповолни, со ниски каматни стапки.
Работењето на Групацијата во 2018-та година и натаму ќе биде финансиски цврсто и профитабилно. Групацијата очекува дека ќе ги задржи високите кредитни рејтинзи »A« од страна на двете признати рејтинг агенции. Бруто добивката на Групацијата е планирана во висина помеѓу 80 и 90 милиони евра (план за 2017 е помеѓу 70 и 80 милиони евра).
Во доменот на осигурување, Групацијата Триглав и натаму ќе ги јакне своите конкурентски предности, ќе спроведува соодветна пазарна стратегија и ќе ги прилагодува продажните активности и продажните канали според потребите на своите клиенти и според спецификите на секој од поединечните пазари. Групацијата, за 2018-та година, планира повеќе од една милијарда евра консолидирана бруто полисирана премија од осигурување (план за 2017 е околу 930 милиони евра). Во доменот на масовни штетни настани се очекува сличен тренд како изминатите години, поради што е важно Групацијата да одржува соодветно реосигурително покритие. Комбинираниот коефициент на Групацијата Триглав е на поволна висина од околу 95%, што е негова просечна целна стратешка вредност. Со оглед на неповолното финансиско опкружување, Групацијата планира пониски приходи од своето портфолио на вложувања во акции. Инвестициската политика ќе остане практично неизменета и насочена приоритетно кон обезбедување на сигурноста и ликвидноста на инвестициите и достигувањето на соодветна профитабилност.
Во доменот на управување со имот, Групацијата ќе ги следи стратешките насоки на зголемување на обемот на средства за управување во сегментот на незадолжително штедење и обезбедување на ефективно управување со средствата на ниво на целата Групација.
Андреј Слапар, претседателот на управата на Заваровалница Триглав, изјави: „За 2018-та година си зацртавме амбициозни цели, планираме повисока премија и бруто добивка, споредено со плановите за 2017-та. Во предвид ги земавме предвидените услови за нашето работење, и се потпираме на колективната енергија на тимот од повеќе од 5000 соработници во Групацијата Триглав, кои посветено и доследно го спроведуваат севкупниот сплет на стратешки активности, планирани до 2020 година. Следната година ја гледаме како значаен чекор во насока на реализација на нашата визија, динамично да развиваме нови начини на работење, коишто се темел на нашиот одговорен долгорочен развој, а воедно да работиме профитабилно и сигурно.“Групацијата Триглав, водечка осигурително – финансиска групација во Словенија и во регионот Адриа, во 2018-та ќе продолжи со стрикт