Непознати лица во Атина подметнале пожар во куќата на братот на портпаролот на владата на Грција, Симос Кедикоглу, пренесуваат грчките медиуми, потсетувајќи дека седмицава претходеше серија од подметнувања пожари пред домовите на неколку познати новинари.
Доцна во вечерните часови кон неделата, непознат со чекан ја разбил влезната врата и фрли три Молотови коктела. Во тоа време во домот се наоѓале братот на владиниот портпарол Симос Кедикоглу, неговата сопруга и нивното тригодишно дете. Интервенирало едно противпожарно возило, а штетите од огнот биле незначителни. Полицијата започнала истрага за инцидентот.Кедикоглу последниве денови истапуваше со изјави во коишто ги осуди постапките на анархистите. Седмицава, грчките анархисти се обидоа во два наврата да заземат една напуштена зграда во центарот на Атина, ткн Вила Амалија, којашто две децении беше нивно неофицијално седиште, а од каде што беа протерани во декември. Во зградата беа откриени илјадници празни шишиња и гориво за „Молотови коктели”, маски, ножеви. Исто така, седмицава грчката полиција уапси двајца осомничени за припадност на терористичката група „Заговор на огнените ќелии“. Анархистите протестираа во четвртокот при што заземаа на кусо време студија на една телевизиска и на една радио станица, а ноќта кон петокот одекнаа експлозии во близина на куќите на познати грчки новинари, меѓу кои и на директорот на Атинската новинска агенција. Одговорноста за овие инциденти ја презема досега малку позната анархистичка група.Портпаролот на грчката влада изјави дека со овие експлозии се прават обиди да се заплашат новинарите. „Се преземаат отворени акти на тероризам против медиумите, кои се од витално значење за земјата“, рече Кедикоглу. Според него, државните медиуми на јавноста ѝ ги претставуваат разните ставови и мислења и придонесуваат „за демократскиот дијалог во општеството, во коешто нема место за безредија и насилства“.
МакфаксНепознати лица во Атина подметнале пожар во куќата на братот на портпаро