Оваа учебна година за државната матура во августовски испитен рок се имаат пријавено 2011 ученици. Денеска се полагаше задолжителниот предмет, односно македонски јазик и литература, албански јазик и литература и турски јазик и литература. Македонски јазик и литература полагаа 280 кандидати, албански јазик и литература 370, а 43 ученик турски јазик и литература.
Како што информира Државниот испитен центар, согласно Концепцијата за матура и за завршен испит во средното образование со четиригодишно траење во Република Македонија учениците екстерно треба да имаат положено три предмети. Задолжителен за сите е мајчиниот јазик.
Утре ќе се полага странски јазик. Англиски јазик ќе полагаат 1.466 кандидати, а француски јазик и германски јазик по седум кандидати.
На 16 август 56 кандидати ќе полагаат математика, а на 17 август ќе се полага: физика, хемија, биологија, бизнис, историја, филозофија и естетика. Бизнис ќе полагаат 219 кандидати, историја 210, биологија 77, филозофија 164, хемија 5, физика и естетика по двајца.
Испитите ќе се реализираат на 18 локации во Република Македонија и сите почнуваат во 10 часот. Испитниот материјал, истиот ден кога се реализира испитот, се носи во училиштата и се враќа во ДИЦ.Денеска се полагаше задолжителниот предмет, односно македонски јазик и литература, албански јазик и литература и турски јазик и литература. Македон