На средбата со австралиското Биро за статистика почесниот конзул на Република Македонија Зоран Ќосески беше информиран дека по бројност македонскиот јазик е четврти најголем европски јазик што во Австралија го зборуваат 68.846 жители.Македонската заедница е деветта најголема европска заедница во Австралија со 93.571 граѓанин, од кои најмногу (42.079) живеат во Мелбурн, Викторија. Други позначајни места каде што живеат Македонците се Сиднеј, Бризбејн, Аделаиде и Перт.
Според австралиското Биро за статистика, следниве европски јазици се наоѓаат на првите 10 места:
Италијански 299.833
Грчки 252.217
Германски 80.370
Македонски 68.846
Хрватски 61.548
Француски 57.740
Српски 55.116
Полски 50.692
Руски 44.059
Холандски 37.249
Португалски 33.352Македонската заедница е деветта најголема европска заедница во Австралија со 93.571 граѓанин, од кои најмногу (42.079) живеат во Мелбурн, Викторија