Во Бар, убиени фудбалер на Хајдук и неговиот брат

Браќата Дејан (26) и Љубомир (23) Гојчанин, убиени се синоќа во пукање во центарот на црногорскиот град Бар, а полицијата го бара Шчепан Бујиќ, кој пукал во нив, јавија црногорските медиуми.

Пукотницата се случила околу 20.30 часот, во билијард клуб, соопштено е од полицијата.
 Момчињата веднаш се пренесени во барската болница, каде се оперирани, но лекарите не успеале да ги спасат.
 Од повредните здобиени во пукотницата прв починал Дејан, а неколку часа подоцна и неговиот брат Љубомир.
 Шчепан Бујиќ од Бар, кој е во бегство, од порано и” е познат на полицијата.
 Љубомир Гојчанин беше фудбалер на барски Хајдук, а Дејан работел како келнер.
 
Макфакс
Браќата Дејан (26) и Љубомир (23) Гојчанин, убиени се синоќа во пукање во центарот на црногорскиот град Бар, а полициј

Пронајдете не на следниве мрежи: