Во Берово минус 10, во Скопје минус шест

Во Берово се измерени минус 9 степени Целзиусови, најниска температура во седум часот изутрина во Македонија, по што следат Крива Паланка со минус 8, минус 7 во Куманово, минус 6 во Скопје Петровец, Тетово, Лазарополе, минус пет Скопје Зајчев Рид, Крушево, Маврово, Демир Капија, Претор, Пожаране, Битола, Прилеп, Дебар, Струмица и Штип, минус 4 Тополчани, Ѓуриште, Охрид, Гевгелија, Виница, минус 2 во  Дојран.Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР, Времето денеска претпладне ќе биде сончево, а попладне од запад облачноста ќе се зголемува. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Температурата ќе достигне од 4 до 10 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со слаб до умерен јужен ветер, а попладне и до крајот на денот и во Скопската котлина ќе се прошири облачност од запад. Температурата до 7 степени.
Утре ќе биде облачно со врнежи од дожд, кои претпладне ќе ги има во западните, а до крајот на денот и во останатите делови од земјава. На крајниот запад врнежите ќе бидат обилни. Ќе дува умерен до засилен југоисточен ветер, што ќе услови релативно високи дневни температури.
-Под влијание на влажна и релативно топла воздушна маса подрачјето на Македонија ќе се задржи од утре до сабота. Утре врнежите ќе бидат поинтензивни во западните делови, а од петок обилни врнежи се очекуваат речиси насекаде. Снег ќе има само на планините повисоки од 2000 метри надморска височина. Во сабота можно е врнежите да бидат проследени и со грмежи.  Од целиот влажен бран се очекува на повеќе места да наврнат над 50 литри на метар квадратен, а во крајните западни делови локално и над 100 митри на метар квадратен дожд. Во недела се уште ќе има врнежи од дожд, но тие ќе бидат полокализирани, соопшти УХМР.Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР, Времето денеска претпладне ќе биде сончево, а попладне од запад облачноста ќе се зголе

Пронајдете не на следниве мрежи: