– Го протеравме Јанукович, но ништо не е готово. Сите сме спремни да тргнеме накај Крим. Спремни сме да почне Третата Светска војна – заврши АндрејНа Плоштадот на независноста, Мајдан, внимание можат да привлечат само вестите од Крим. Сите чекаат за да видат што ќе направи Русија и дали западот ќе реагира.
– Последната вест е дека Барак Обама изјави дека нема да интервенира во конфликтот, дека нема ништо да направи, дури и Русите ако не окупираат. Сепак, ние ќе мора да интервенираме, ќе мора да се браниме – продолжи Андреј.
Андреј е на барикадите веќе три месеци и може да му се забележи уморот на лицето од спиење во шаторот на плоштадот. Тој вели дека нема немера да се откаже од самоодбраната и да си оди дома.
– Ќе бидам на Мајдан додека е потребно. Сега ние сме задолжени, наместо Беркут и полицијата да одржуваме ред. Доколку е потребно, ќе тргнеме и накај Крим. Ќе се бориме. Не се плашам да го изгубам својот живот во одбрана на мојата земја – вели храбриот Андреј.
– Не сум во конфликт со рускиот народ, тие се наши браќа, но во конфликт сме со нивната влада бидејќи тие не се плашат од ништо, дури ни од Трета светска војна. Библијата и пророците предупредија дека токму овде ќе почне тој судир – продолжи Андреј.
– Го протеравме Јанукович, но ништо не е готово. Сите сме спремни да тргнеме накај Крим. Спремни сме да почне Третата Светска војна – заврши Андреј
На крај, Андреј покажа накај комбето паркирано зад зградата на министерството и рече:
– Ова се луѓе од Беркут. Се враќаат полека. Доаѓаат во групи, но никого не чепкаат. Се помирија со поразот”, – објаснува Андриј. Сепак, специјалците не сакаат да разговараат со никого. Збиени еден до друг и сокриени позади комбето, на секое прашање само одмавнуваат со главите.На Плоштадот на независноста, Мајдан, внимание можат да привлечат само вестите од Крим. Сите чекаат за да видат што ќе направи Русија и дали западо