Знаме и други обележја на Исламска држава биле поставени на куќите во селото Горња Маоча кај Брчко во Босна и Херцеговина.„Дневни аваз“ пренесува дека обележјата се отстранети, а локалните жители тврделе дека немаат ништо со подигнувањето на знамињата на ИД, и оти тоа го направиле „две лица од страна“.
– Државната агенција за истрага и заштита на БиХ по налог на Обвинителството презема активности во Горња Маоча, откако на една куќа во селото е забележано знаме на терористичката група Исламска држава, потврди портпаролката Кристина Јозиќ.
Јозиќ рече дека СИПА, заедно со другите полициски агенции, презема активности во врска со истакнатите знамиња на ИД во Горња Маоча, со претходно договорени мерки со Обвинителството на БиХ.
Селото Горња Маоча се наоѓа на 30 километри од хрватската граница и се смета за упориште на вахабистите, а неговите жители речиси со децении се под истрага на полициски и разузнавачки агенции поради сомненија дека се поврзани со тероризам.
Повеќегодишниот неформален лидер на вахабистичкото движење во БиХ беше Нусрет Имамовиќ, кој заминал да војува во Сирија.
Водството над таа група, по заминувањето на Имамовиќ во Сирија, го презеде Хусеин Босниќ, наречен Билал, кој често престојувал во Горња Маоча.
„Дневни аваз“ пренесува дека обележјата се отстранети, а локалните жители тврделе дека немаат ништо со подигнувањето на знамињата на ИД