Во Битола спроведена импровизирана акција за спасување лица при пожар

Регионалната дирекција за заштита и спасување во соработка со територијалната против-пожарна единица, службата за итна медицинска помош, Црвен крст и претставници на општина Битола денеска изведоа заедничка превентивна акција за спасување лица од висококатница од објект на ЗК „Пелагонија“.Спасувањето од висококатници е посебно опасна и храбра интервенција, но, благодарение на обученоста на лицата кои ги активираме, интервенцијата е успешна и ефикасна, истакна Слободан Вуковиќ, раководител на одделението за обука во Регионална дирекција за заштита и спасување, кој ја координираше денешната превентивна акција во Битола.
-Досега сме организирале околу 180 обуки низ кои се сертифицирани околу 7.000 лица кои работаат во различни фирми, компании и служби и кои умеат веднаш да интервенираат во случај на пожар и други непогоди. Секоја обука триумфира со нова оспособеност на учесниците и важно е да се одржуваат вакви обуки бидејќи за жал се случува многу луѓе да не знаат да употребат и против-пожарен апарат, истакна Вуковиќ.
Денешната импровизирана акција за спасување лица во висококатница ја следеше и градоначалникот на општина Битола Владимир Талески, кој потврди дека локалната самоуправа има посебна програма за интервенции во ситуација на елементарни непогоди.
-Освен стручните лица кои се вклучуваат во акциите за заштита и спасување, при интервенции треба да помагаат и други вработени лица во соодветна фирма или институции. Општина Битола ќе го поддржува обучувањето лица кои треба да се вклучат при елементарна непогода или други неприлики. Важно е првата средба со несреќата да не биде панична туку присебна со правилен начин на справување, а за тоа значајни се обуките и ние тоа ќе го направиме со сите институции од надлежност на локалната самоуправа, нагласи Талески.Спасувањето од висококатници е посебно опасна и храбра интервенција, но, благодарение на обученоста на лицата кои ги активираме, интервенцијата е у

Пронајдете не на следниве мрежи: