Во исчекување на одлуката веќе се лиферуваат нови имиња што ја меркаат фотелјата на Васко Ковачевски, при што се работи за кадри блиски до крилото на Радмила Шеќеринска. Меѓу членството на СДСМ во Битола владее чуден молк, пишува Нова Македонија.
Како што пишува весникот во својата анализа, во опозицијата се менува состојбата од ден на ден откако Заев го замени Црвенковски.
„Но Зоран Заев, за разлика од султанот, изгледа во овој момент воопшто не е загрижен за таквиот молк.Во моментов се чека негова одлука, дали во Битола на чело на партијата ќе остане Васко Ковачевски или Заев на негово место ќе именува некој друг локален лидер.Иако ваквото исчекување ги прави доста нервозни битолските социјалдемократи, сепак, засега никој од нив не сака јавно да го манифестира своето незадоволство“, пишува весникот.
Сепак, одредени членови што беа во минатото општинско раководство не го кријат своето незадоволство од новиот начин на избирање на општински раководители.
„Јас лично не се согласувам со измените на статутот на партијата, зашто со тоа базата е речиси оневозможена да дава предлози и да ги избира своите претседатели на општинската организација. Мислам дека таквите измени ќе ни се удрат од глава. Иако мислевме дека со смената на Црвенковски ќе се сменат многу работи на подобро, сега за сега работите некако одат на полошо. По смената на статутот сите сме ставени во ситуација на исчекување и чекаме лидерот Заев да одлучи кој ќе раководи со нашата општинска организација. Тоа што не знаеме врз кои критериуми тој ќе го избере новиот лидер е друга приказна. Нормално, во таква ситуација и раководството е ставено во лер и не работи речиси ништо“, вели за Нова Македонија, еден од челните луѓе на најтесното раководство на СДСМ во Битола, кој од разбирливи причини сакаше да остане анонимен.
Најверојатно утре Зоран Заев треба да одлучи дали на чело на битолската партиска организација ќе остане досегашниот лидер Васко Ковачевски или на негово место ќе назначи нов локален лидер.
„Во таква ситуација и Ковачевски не сака многу да се избрзува со изјави, туку не замоли да почекаме за да видиме дали Битола ќе биде во првиот бран што ќе добие нов локален лидер или тоа ќе се случи подоцна. И додека се чека одлуката на Зоран Заев, во Битола веќе се лиферуваат некои нови имиња што веќе ја меркаат фотелјата на Васко Ковачевски. Се работи за кадри блиски до крилото на Радмила Шеќеринска, кои по нејзиното назначување за заменик претседател на партијата повторно кренаа глава“, анализира весникот.
Освен Васко Ковачевски, во игра се уште три имиња: Игор Петковски, актуелен адвокат, Оливер Николовски и Томе Наумовски.Во исчекување на одлуката веќе се лиферуваат нови имиња што ја меркаат фотелјата на Васко Ковачевски, при што се работ